Motorola, еден ден по претставувањето на новиот Galaxy Z Flip4 од Samsung, ја претстави наредната генерација од нивниот Moto на преклопување, Moto Razr 2022.

Moto Razr е направен како наследник на слободно може да се каже легендарниот Razr од пред повеќе од 20 години, со модерни додатоци се разбира. Најновиот Razr доаѓа со доста потребни надградби, а оваа година и со чип кој ќе го направи овој телефон навистина привлечен за корисниците.

Како главен фактор за овој заклучок го сметаме чипот кој во претходните модели беше од средно високата класа, односно од Snapdragon 7xx серијата. Razr 2022 доаѓа со моментално најсилното на пазарот, Snapdragon 8+ Gen 1, што значи дека овој пат се работи за телефон од највисоката класа.

Што се однесува до другите карактеристики, Razr 2022 го задржува карактеристичниот дизајн по кој е познат, а оваа година механизмот за преклопување е подобрен и овозможува дополнително приближување на екранот, со што се добива скоро незабележителен простор измеѓу.

Екранот на Razr 2022 ја задржува својата големина од 6,7 инчи, а доаѓа со FullHD+ резолуција и 144 херци стапка на освежување, што ќе го издвои од конкурентите, како и поддршка за HDR10+, што е важно за корисниците кои често гледаат видео на некој од стриминг сервисите.

Промена има и на поставеноста на предната камера која веќе не е во исечок, туку во мала дупка, со што се добива многу подобар изглед. Оваа камера има 32 мегапиксели, што е повеќе од доволно за одлични слики кои корисниците и така би можеле да ги прават со главната камера поради помошта од вториот мал екран.

Овој екран е со големина од 2,6 инчи и исто така е со OLED технологија. Покрај тоа што преку овој екран може да се гледа сликата од камерите, на него се прикажуваат информации како известувања, календар, часовник и слично.

Главната камера кај Razr 2022 е со 50 мегапиксели, а има уште една со ултра широк агол на сликање и сензор од 13 мегапиксели.

Moto Razr 2022 моментално е претставен само во Кина каде ќе се продава по цена од 890 долари за моделот со 8GB RAM и 128GB простор за податоци, 965 долари за 8/256 моделот, како и 1085 за 12/512.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2GSMArena
Претходна статијаНовите Samsung Galaxy телефони на преклопување за поодржлива иднина и најразновидно мобилно искуство
Следна статијаMeta ги заобиколува мерките за приватност на iOS преку вградениот прелистувач во нивните апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.