Samsung вчера го одржа нивниот Galaxy Unpacked August 2022 настан и дефинитивно може да се каже дека имаше што да се види. Од компанијата ги претставија едни од нивните најдобри производи во неколку категории, односно ги претставија наредните генерации од двата уреди на преклоп, паметните часовници, како и безжичните слушалки.

Како главни на настанот може да се нарече дека беа новите Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4. Овие уреди доаѓаат со делумно изменет, освежен дизајн, доста подобрен механизам за преклопување, подобри камери и повеќе. Кај Galaxy Z Fold4 посебно се истакнува Android 12L кој е посебно развиен за уредите на преклоп и таблет компјутерите, а на уредот му додава посебен „taskbar“ кој доста ја подобрува работата со повеќе апликации.

Дополнително, Samsung ги претстави и Galaxy Buds2 Pro слушалките кои оваа година имаат подобрување кај системот за активно придушување на бучавата, како и уште неколку други новини.

За овие три уреди можете да ги видите сите детали на овој линк.

Покрај овие уреди, Samsung ја претстави и наредната генерација од нивниот Galaxy Watch, односно Galaxy Watch5, кој оваа година наместо Classic верзија ја има Pro верзијата Galaxy Watch5 Pro.

Samsung со оваа нова генерација посебно внимание има посветено на подобрување на функциите за вежбање, спиење, како и здравствените функции. Тука е одличната функција за мерење на составот на телото која е доволно точна за да корисниците не мора да купуваат посебна вага која ги мери овие параметри.

Galaxy Watch5 доаѓа и со поголема батерија која треба да овозможи подолго време без полнење, а исто така оваа година Samsung се одлучи за Sapphire Crystal како заштита на екранот.

Повеќе за Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro можете да прочитате тука.

Претходна статијаMeta ги заобиколува мерките за приватност на iOS преку вградениот прелистувач во нивните апликации
Следна статијаMeta ќе почне со тестирање на шифрирање на пораките во Messenger, како и нов шифриран „бекап“ на овие разговори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.