Microsoft официјално ја заврши поддршката за Internet Explorer минатата недела, а со тек на време и целосно ќе го избрише овој прелистувач од Windows 10, а во Windows 11 воопшто и не беше вклучен.

Повеќето сигурно се прашуваат зошто воопшто е важно дали е завршена поддршката за Internet Explorer, нели повеќето корисници и така го користат Google Chrome, но тоа сепак не е случајот. Многу компании кои имаат стари веб апликации направени за овој прелистувач, ги немаат надградено и функционираат само преку IE.

Според некои информации, половина од компаниите во Јапонија уште го користат IE, па иако Microsoft не ја откажа поддршката за корисниците кои плаќаат продолжена поддршка за Windows 7 и Windows 8.1, но сепак ова нема да биде случајот уште долго, па компаниите нема да може да продолжат да го одложуваат решението.

Тоа што е подобра алтернатива на користењето на Internet Explorer е користењето на Internet Explorer режимот во Microsoft Edge. Во основа, корисниците кои мораат да отворат некоја страна направена за IE, тоа можат да го направат преку Edge, со едноставно вклучување на посебен режим.

Режимот се вклучува преку Settings > Default browser, каде што е достапен дел наречен „Internet Explorer compatibility“. Во овој дел може да се вклучи можноста „Allow“ која додава посебна опција „Reload in Internet Explorer Mode“ во главното мени.

Корисниците се што треба е да ја отворат саканата страна и да ја изберат опцијата, по што страната повторно ќе се отвори, сега во режим кој прави да е исто како страната да се отвора преку IE прелистувачот.

Немаме информација колку од нашите компании уште имаат постари веб апликации за кои мора да се користи IE, но веруваме дека бројката сепак не е голема како во Јапонија.

Претходна статијаНово истражување на Македонски Телеком за дигитална зрелост на малите и средни компании
Следна статијаТри четвртини од пушачите сакаат носителите на одлуки да ги земат предвид нивните ставови при изготвување на регулативите за тутун и никотин
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.