И оваа година, Македонски Телеком, во соработка со ИПСОС, спроведе истражување за дигиталната зрелост на македонските компании. Целта на истражувањето е да се добие увид во дигиталната подготвеност на компаниите во Македонија, да се разберат навиките и потребите за користење дигитални алатки, но и да се поттикнат малите и средни бизниси успешно и побрзо да се дигитализираат.

И во 2022 година, истражувањето беше спроведено врз репрезентативен примерок од 500 компании. Главниот фокус е насочен кон компаниите со помалку од 250 вработени, како значаен двигател на економијата со најголемо присуство на македонскиот пазар.

Еден од главните заклучоци е дека 34 % од компаниите имаат висок индекс на дигитализација, што е зголемување во однос на минатата година кога оваа бројка изнесуваше 28%.

„Сите оние компании коишто порано почнаа да користат дигитални алатки веќе бележат раст и развој. Денес не треба да дискутираме дали ни е потребна дигиталната трансформација, туку како и кога ќе ја спроведеме. Македонски Телеком е посветен партнер за дигитализација и освен дигиталните алатки и сертификати нуди и сигурност и одржливост на подолг рок, како и највисоки системи на заштита. Посветени сме да бидеме двигател и поттик за целосна дигитализација на бизнисите, а со тоа и развој на целата економија.“ – изјави Гоце Митевски, Главен комерцијален директор за деловни корисници.

Генерален заклучок од истражувањето е дека компаниите во Македонија, посебно малите со 1-9 вработени, ги согледале придобивките на дигиталниот маркетинг и дигиталната комуникација, а се забележува и статистички значаен пораст на релевантните алатки: веб комуникација,  дигитална продажба на производи/ услуги (е-трговија), спонзорирани реклами и други форми на дигитален маркетинг, софтвер за контрола и оптимизација на процеси, CRM/ ERP.

И покрај позитивниот тренд на дигитална трансформација на компаниите, сè уште сме на почетокот и се очекува сè повеќе мали и средни компании да користат дигитални алатки во наредниот период.

Повеќе за истражувањето можете да најдете на следниот линк.

Претходна статијаMicrosoft го претстави Microsoft Defender за приватни корисници како едно решение за заштита на сите уреди на корисникот
Следна статијаКако се користи Internet Explorer режимот во Microsoft Edge за тие кои уште мораат да отвораат веб страни направени за овој стар интернет прелистувач