Со вчерашното пуштање на iOS 16 за сите корисници на iPhone, дојде и новата функција од оваа верзија, можноста за додавање на „виџети“ на екранот додека телефонот е заклучен.

Оваа новина не треба да се измеша со веќе достапните виџети до кои се доаѓа со повлекување на десно, без разлика дали е заклучен телефонот, односно се работи за нови виџети кои може да се споредат со тие на Apple Watch.

Google ќе ги ажурира своите апликации за iOS со поддршка за овие нови виџети, што значи дека повеќето апликации од компанијата ќе имаат корисни виџети кои ќе може да се постават на новиот „заклучен екран“ и да овозможат побрз пристап до нивните функции и информации.

Апликациите, кои ќе бидат ажурирани со новите можности во неделите што следат, ги вклучуваат Google Search, Chrome, Drive, Google Maps, Gmail и Google News.

Google ги прикажа виџетите кои ќе ги имаат овие апликации, како на пример можноста за вклучување на Google Search директно од виџетите, како и активирање на гласовно пребарување, прикажување на датотеки од Drive, времето потребно да се стигне до одредени дестинации на Google Maps, бројот на нови пораки во Gmail, наслови на Google News и слично.

Google Search

Chrome

Drive

Google Maps

Gmail

Google News

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаGoogle се откажува од развојот на лаптоп компјутери кои и така со години ги нема ажурирано
Следна статијаРекреиран новиот Dynamic Island од iPhone 14 Pro на MIUI од Xiaomi
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.