Google

Google го има откажано претставувањето на Pixelbook 2, а целиот тим кој работел на развој на овие уреди е прераспределен во други сектори. Со ова завршува развојот на лаптоп компјутери во Google, па на корисниците им остануваат одличните алтернативи кои производителите ги прават на истиот оперативен систем, односно на Chrome OS.

Оваа информација не е потврдена од страна на Google, но како и обично кога ќе почнат да излетуваат вакви шпекулации, ретко се покажуваат како погрешни.

Со оглед на тоа што ChromeOS функционира како отворен систем, односно повеќе како Windows, а не како Apple, пазарот нема да види некоја посебна разлика од оваа одлука на Google. Тие и така веќе со години немаат претставено нов уред, па на пазарот се достапни само тие од другите производители.

Chromebook уредите, кои ги прават неколку од производителите на лаптоп компјутери, се доста популарни кај корисниците на кои не им се потребни моќни машини. Затоа овие лаптопи првично се пробија во образовните институции, а во меѓувреме почнаа да им стануваат интересни и на останатите корисници.

Chromebook уредите кои работат на Chrome OS се прилично „едноставни“ уреди кои функционираат на основа на интернет прелистувач. Тоа значи дека корисниците во главно функционираат преку веб апликациите кои во денешно време се одлични и достапни, а изминатите години Google работи и на донесување на Android апликациите кај овие уреди.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаwatchOS 9 достапен за корисниците на Apple Watch
Следна статијаGoogle ги прикажа „виџетите“ од нивните апликации за новиот „заклучен екран“ на iOS 16
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.