За популарноста на TikTok нема потреба да се пишува, тоа е веќе нешто добро познато на сите, а тука се и Meta со нивните Reels да го докажат тоа.

Ваков формат на кратки видеа има и на YouTube, а истите се наречени Shorts, а доколку ја отворате апликацијата на вашиот мобилен, сигурно ги имате забележано и гледано овие видеа.

Google сака да ја искористи популарноста на овие видеа и да отидат чекор понапред од останатите, па според информациите, Shorts ќе почнат да се прикажуваат и на апликацијата од YouTube за телевизорите.

Корисниците би ги гледале овие видеа исто како на мобилните, односно со притискање на далечинскиот управувач би оделе на следното или претходното видео.

Можеби делува чудно да овие видеа кои се повеќе замислени за на мобилните уред, се гледаат на телевизорите, но сепак едноставноста при нивното гледање го овозможува тоа.

Од страните на овие видеа, кои се вертикални, ќе се менуваат само боите произлезени од видеото, а за во иднина не се исклучува можноста да се прикажуваат и реклами.

Како и секогаш, новите функции се пуштаат постепено на сите корисници во неделите што следат.

ИЗВОРMIT Tech Review
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаSignal апликацијата за безбедни разговори ја воведе Stories функцијата
Следна статијаНови најави за уредот на Apple за проширена реалност за идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.