Фото: Shutterstock.com

Со години веќе се шпекулира околу претставување на уред за проширена, односно дополнета реалност од страна на Apple. Според некои од последните информации, претставувањето на уредот требаше да се случи оваа година, но како што гледаме, нема уште многу време за тоа.

Сега очекувањата се насочуваат кон идната година, иако „фановите“ остануваат скептични поради тоа што досега ниту една информација не се покажа како точна.

Информациите доаѓаат од Минг-Чи Куо и од DigiTimes, кои најавуваат претставување на уредот во јануари, односно во април.

Двата извори очекуваат почеток на производство во март 2023, па останува да видиме дали Apple ги име решено сите проблеми кои го спречуваат досегашното претставување.

Како и за многу други производи, Apple се далеку од првите кои претставуваат нешто на пазарот. Уредите за виртуелна, проширена и мешана реалност ги има веќе со години, а доста од големите ИТ компании имаат свои верзии.

Сепак, се очекува дека Apple повторно со нивното влегување на некој пазар ќе направат поголемо поместување и големи се шансите да бидат меѓу најпопуларните.

За почеток се најавува дека ќе има мал број на достапни уреди, помалку од милион, а со тоа треба да се очекува и повисока цена. Тоа значи дека ќе поминат неколку години пред еден ваков уред од Apple да стане масовно продаван.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGoogle ги носи YouTube Shorts кај телевизорите
Следна статијаZoom ќе им конкурира на Microsoft и Google со новите Mail и Calendar функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.