Google, а наскоро исто може да се очекува и од Apple, дозволи плаќањата во апликациите да може да се прават со наплатен систем кој не е тој од Google Play, односно со системи по избор на програмерите.

Оваа одлука доаѓа по изгласувањето на два нови закони во ЕУ, Digital Services Act и Digital Markets Act, од кои вториот е тој кој се однесува на овие промени.

Моменталната промена не се однесува на игрите, а од Google најавија дека ќе го овозможат алтернативното плаќање и за овој вид на апликации до времето кога новите закони ќе стапат на сила и официјално.

Во другите земји кои се надвор од Европската Економска Област, плаќањето останува можно само преку наплатниот систем на Google Play.

Разликата во процентот којшто го зимаат од Google не е нешто посебно голема, односно намалувањето во споредба со користењето на Google Play е 3%. Тоа значи дека програмерите ќе му плаќаат на Google 12%, наместо сегашните 15%, а ова би требало да биде доволно за голем број на програмери, а посебно тие кои имаат голема заработка.

Google планираат да продолжат со контролата на наплатните системи, односно тврдат дека и на овој начин ќе се грижат да безбедноста и приватноста на корисниците.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаСудењето за тужбата на Twitter против Елон Маск одобрено за октомври
Следна статијаSamsung официјално го закажа нивниот летен Galaxy Unpacked за 10 август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.