Фото: Shutterstock.com

Facebook долго време беше главното место од каде што дознававме чиј роденден се ближи, барем за луѓето кои не ни се во најблискиот круг. Сепак, колку луѓе веќе не сакаат да си го стават својот роденден на оваа мрежа или барем не јавно, Facebook веќе не може да се каже дека е баш сигурно место за непропуштање на родендени.

Google Contacts апликацијата може да се погоди како одлична алтернатива. Во оваа апликација родендените треба рачно да се внесат, но затоа подоцна истите може да се гледаат во посебна листа, слична на таа на Facebook порано.

Google ја воведе оваа новина пред неколку месеци, а сега ја засилува со можноста да се додаде и известување кај одредени контакти, па шансите да се пропушти нечиј роденден се веќе многу мали.

Апликацијата е достапна за сите корисници на Android, а за доста од нив оваа апликација е подобра алтернатива од таа која доаѓа со телефонот. Корисниците можат да ја симнат од Play Store, заедно со уште неколку одлични алтернативи од компанијата, како Google Phone.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаНовиот Bing официјално стана дел од Microsoft Edge со најновата верзија од прелистувачот
Следна статијаGoogle тестира можност за запишување на белешки на веб страните во Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.