Уште во тест фаза, достапна преку Canary верзијата од Chrome, Google воведува функција која што ќе ги скенира фајловите што сакате да ги симнете од интернет и ќе ги блокира доколку открие дека содржат малициозен софтвер.

Причината поради која Google развива ваква функција е зголемената употреба на малициозен софтвер кој врши тивко „киднапирање“ на прилагодувањата на прелистувачот. Ова според Google е голем проблем на форумите за поддршка, па решаваат да помогнат.

Начинот на кој што доаѓа до проблемот е преку симнување на бесплатен screensaver, на пример, или некој plugin, во кои што малициозните програми се сокриваат. Потоа тие прават промена на вашата главна страна (homepage) или внесуваат реклами на веб страните кои ги прелистувате. Ваквите промени најчесто ја блокираат можноста да ги вратите вашите прилагодувања, а исто така се прилично тешки за бришење, посебно за просечниот корисник. Кога функцијата ќе биде воведена, при симнување на некој фајл од интернет, доколку содржи малициозен софтвер, а се разбира и доколку скенерот го открие, на долниот дел од екранот, каде што обично се појавува фајлот што се симнува, ќе се појави известување дека симнувањето е блокирано.

chrome-block-malware-download

Во најновата стабилна верзија на Chrome воведена е можноста за ресетирање на прилагодувањата на прелистувачот и доведување на истиот во „фабричка“ состојба, односно како што бил при првото инсталирање. Оваа функција е достапна во Advanced Settings делот од прилагодувањата.

chrome-reset-settings

Претходна статијаПронајдете го вашиот телефон со HTC Fetch
Следна статијаHuawei Ascend W2 нов Windows Phone 8 мобилен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.