Фото: Shutterstock.com

Од вчера официјално е достапна финалната верзија од Google Chrome, Chrome 89. Ова не е поголема надградба на овој најпознат прелистувач, па истата доаѓа во главно со безбедносни и други исправки, како и уште неколку помали новини.

Chrome 89 е верзијата од која беше најавено дека ќе се престане со поддршката за постарите компјутери, односно тие постари од 15-тина години. Од оваа верзија, кај овие постари компјутери Chrome нема да може да функционира, па доколку не се во процес на купување на нов компјутер, овие корисници може да се префрлат на некој од другите прелистувачи, а има и доста добри Chromium алтернативи.

Google Chrome 89 донесува можност за препознавање на поврзани веб страни кои би биле означени како „first party“ страни, на пример google.com и youtube.com, со што не би биле блокирање колачињата, а со тоа би се овозможиле одредени функции.

Оваа верзија од Chrome донесува и приоретизирање на https при внесување на адресите, можност за пребарување на отворените табови, подобрено избирање на различните профили кои се најавени на Chrome и слично.

ИЗВОРgHacks
Претходна статија„This is MARS“ е видео направено од досега испратените слики од Perseverance роверот
Следна статијаПанос Панај ја споменува „наредната генерација од Windows“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.