По успешното слетување на најновиот ровер од NASA, Perseverance, на Марс, го имавме и видеото од самото слетување, како и неколку слики од околината на Џезеро кратерот кој беше избран како местото каде ќе се извршува мисијата.

Иако Perseverance уште нема почнато да се движи, односно неговите системи уште се тестираат, тој испраќа слики од неговата околина во висока резолуција.

Кинематографот Шон Доран со дел од овие слики, кои се јавно достапни, направи одлично видео кое го нарече „This is MARS“. Сликите се изменети, односно зголемена им е резолуцијата, тргнат е шумот и слични други промени со цел да се направи видеото во 4К.

Видеото е одлично направено, па заедно со музиката во позадина, дава досега невиден поглед на планетата, барем не со вака добар квалитет и потсетува како да е од некој филм или документарец.

Погледнете го видеото во продолжение.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаДодека го планираат воведувањето на 5G, источноевропските земји мораат да се грижат за повеќе од самата технологија
Следна статијаGoogle Chrome 89 донесува неколку новини и прекин на поддршката за постарите компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.