Почнувајќи од Chrome 89, постарите компјутери, тие кои се купени околу 2000 година, до околу 2005, односно кои работат на процесори како Intel Pentium 4 или AMD Athlon 64, веќе нема да можат да го користат овој најмногу користен прелистувач.

Од оваа верзија на Chrome, Google ќе бара компјутерите на кои работи Chrome да имаат поддршка за SSE3, нешто што тие постари компјутери го немаат. Од компанијата истакнуваат дека според нивните статистики, многу мал број на корисници би биле погодени од оваа промена, а неа ќе ја забележат Windows и Linux корисниците.

До новата верзија од Google Chrome, корисниците кои ќе бидат засегнати од промената ќе добиваат известувања во форма на банер, како и на уште неколку делови од прелистувачот.

По пуштањето на новата верзија, тие веќе нема да можат да го користат Chrome, односно тој ќе се исклучува, а и линкот за инсталација веќе нема да биде достапен од страната на Google.

Со оглед на тоа дека можеби е тешко да им се препорача на овие корисници да купат понов компјутер, тоа е повеќе од јасно, па се што може да се каже е дека ќе мораат да користат некој друг прелистувач.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.