04_tablet (1)

Календар апликацијата која што е дел од сите платформи можеби и не е една од апликациите кои што најчесто ја користите, посебно ако сте обичен приватен корисник. Меѓутоа Google сака оваа прилично едноставна апликација да ја направи нешто што корисниците многу почесто ќе го користат, правејќи ја со подобар дизајн, полесна за користење и со повеќе функционалности.

Што се однесува до дизајнот, како што би очекувале, оваа апликација исто така станува дел од редизајнираните апликации во стилот на Material дизајнот кој што се користи во новата верзија од Android оперативниот систем, 5.0 Lollipop. Таа сега ги вклучува познатите рамни површини и поистакнати бои. Меѓутоа ова не е единствената промена која што се однесува до изгледот на апликацијата.

Новиот Преглед на распоредот, односно закажаните настани, ги прикажува сите ваши закажани настани на календарот во форма на карти со истакнати бои. Покрај боите, настаните вклучуваат и слики како позадина кои што се дел од вашата галерија на слики. Па така, доколку имате закажано да одите во некој ресторан, позадината на настанот ќе биде пополнета со слика од храна и слични.

Можеби најголемиот додаток на апликацијата е во делот на нејзината функционалност. Како што се најавуваше пред неколку месеци, Google Calendar сега има можност да закажува настани врз основа на пораките во Gmail. Поточно, доколку закажете лет на аеродром или можеби резервирате во некој ресторан, календар апликацијата ќе ги преземе тие информации и ќе креира настан. Овој настан исто така ќе биде ажуриран во вистинско време, па доколку дојде до доцнење на летот, на пример, настанот соодветно ќе биде променет.

01_Comp (2)

Се разбира веднаш забележувате дека повеќето вакви нови функции обично се наменети за корисниците кои што говорат англиски, како и за западните земји, па можеби не секоја од овие нови работи би функционирала како што е замислена кај нас.

Втората новина на апликацијата се предлозите кои што ги добивате додека внесувате нов настан. Предлозите се однесуваат за места, контакти и наслови, а исто така тие се прилагодуваат со текот на користењето. Па така, доколку често одите на кафе со некој другар, внесувањето на зборот кафе ќе ви предложи да креирате настан соодветен на претходните случаи.

Новата верзија од Google Calendar ќе биде достапна за сите корисниците на Android 4.1 и понов во неделите што следат. Корисниците на Android 5.0 веднаш ја добиваат оваа верзија, меѓутоа бројката на тие корисници тек ќе почне да се зголемува.

Извор: Google, The Verge

Претходна статијаPayPal го претстави Pay After Delivery, плаќање на пратката кога истата ќе биде испорачана
Следна статијаGoogle Play Movies сервисот достапен за корисниците во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.