Screenshot 2014-11-04 20.32.26

PayPal од оваа недела официјално пушти во употреба нов сервис кој што им овозможува на корисниците покасно да платат за нарачката што ја имаат направено, поточно до 14 дена покасно. Сервисот, наречен Pay After Delivery (плати после достава), прво беше пуштен за корисниците на САД и Велика Британија кои што претставуваа еден вид на тест период.

Сега овој сервис е официјално достапен за сите корисници од овие земји, а се очекува негово проширување во целиот свет во иднина.

Pay After Delivery работи на начин што кога нарачувате нешто, избирате за производот да платите подоцна, по што PayPal му плаќа на продавачот за вас. Со тоа добивате можност да ја добиете пратката, да проверите дали е се во ред и дали производот е тоа што имате очекувано, па потоа да платите. Доколку заборавите да платите, PayPal ќе ве потсети, по што после истекот на 14 дена, парите ќе ви бидат тргнати од сметката која што поврзана со вашата PayPal сметка.

Тоа значи исто така дека нема секој да може да го користи сервисот. Корисниците ќе мора да имаат поврзано валидна банкарска сметка со PayPal, а производите кои што ќе се нарачуваат да бидат до 10.000 долари.

„Сакаме луѓето да го имаат истото ниво на доверба без разлика дали купуваат онлајн или во продавница, поради што имаме изградено односи и со купувачите и со продавачите, овозможувајќи им на купувачите да купуваат работи и да платат покасно, осигурувајќи се дека продавачите ќе ги добијат парите веднаш.“

Извор: VB

Претходна статијаУапсен Fredrik Neij, последниот од основачите на The Pirate Bay
Следна статијаGoogle Calendar преработен за новиот Android 5.0 Lollipop
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.