Почнувајќи од мај оваа година, Google Play Store веќе нема да може да се користи за купување и изнајмување на филмови и серии. Google оваа активност ќе ја направи ексклузивна за нивната Google TV апликација која ја замени апликацијата Google Play Movies & TV.

Корисниците преку Google TV ќе можат да ја видат целосната листа на достапна содржина, нешто што сега може да се прави преку Play Store и на истиот начин ќе можат да ја изнајмат или купат.

Оваа содржина потоа може да се гледа преку оваа апликација, но и преку телевизорите и останатите уреди, исто како и досега.

Со оваа промена, Google ќе ја направи Play Store продавницата специјализирана само за апликации и игри, во САД и книги, а останатите видови на содржина ќе си имаат посебни апликации.

Може да се каже дека ова е добра одлука од страна на компанијата, затоа што не секогаш едно централно место за секаков вид на содржина е добро, односно Play Store е непотребно сложена продавница. Сега истата ќе има само апликации, за што е и во главно користена.

На ваков начин уште од самиот почеток функционира Apple, односно оваа компанија има посебни апликации за различните видови на содржина која корисниците можат да ја купат, инсталираат и слично.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2ArsTechnica
Претходна статијаТелевизор на кој ќе гледате HBO со стил
Следна статијаПанел дискусија во рамки на „ЕУ за општините“: Дигитализацијата на општинско ниво овозможува подобри услуги за граѓаните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.