Одењето во кино е секогаш одлична идеја кога сакаме да поминеме време со најблиските. Да, мирисот на кино-пуканки, удобните столчиња и големото платно даваат една сосем различна димензија на културата на гледање филмови. Но, замислете го следново ниво на уживање – Телевизор со ултра тенка рамка, живописен приказ на слики и бои, оптимизирана светлина и големина совршено прилагодена на просторот. Подобро од филмско платно зар не? Плус на ова ја додаваме удобноста на домот, меко ќебенце, перници, романтични светилки, свилени пижами, неограничени закуски и огромна прегратка. Веќе го имаме вашето внимание за совршена филмска ноќ достојна за Инстаграм фотки. И, секако плејада од различни филмови, серии, жанрови. Подобро од кино зар не?

Па, ајде да почнеме од основното. Стилски телевизор кој совршено ќе се вклопи во вашиот ентериер.

Со Samsung The Serif 4K Smart TV, можеш да уживаш во погледот на телевизорот од секој агол  и не само на дисплејот. The Serif изгледа прекрасно од почеток до крај, од сите страни и е одличен декор каде и да го поставиш. Остави The Serif елегантно да се соедини со просторот. Уште поголем филмски, но и стилски момент е неговиот неконвенционален дизајн чие место не е до ѕидот. Што значи тоа? Домашното филмско платно може да го поставите буквално секаде во просторијата. Што велите за филмска вечер под ѕвездено небо? Возможно е! The Serif доаѓа со елегантен метален држач кој совршено одговара на неговата софистицирана рамка. Изгледа одлично и на помал простор, а можноста за вадење на ногарките го прави уште поразноличен. Движи го наоколу како што сакаш.

Искуство подобро од филмско платно

Што се однесува до сликата тука е технологијата Quantum Dot на Samsung користи квантни честички со нано големина за да создаде 100-процентна видливост на боите, така што дури и кога сцената е премногу светла или премногу темна, ќе гледаш само реалистични слики. А технологијата HDR10+ ја анализира секоја сцена, кадар по кадар, за да ја приспособи светлината на секој момент. Ок, конвенционалното кино може да замине во пензија. И што се однесува до боите – секогаш софистицираната бела и нежно сината се опциите кои совршено ќе се вклопат во романтичниот амбиент.

За љубителите на уметноста и филмовите на Вуди Ален имаме совршен избор за вас.

 Запознајте го величествениот The Frame – Со уникатен и современ дизајн, во центарот на телевизорот„The Frame“се наоѓа Art Store – сопствена уметничка претплатничка платформа. Во моменти кога не го користите телевизорот за совршено филмско доживување може да го користите амбиенталниот режим за да изберете едно од уметничките дела што сакате да ги репродуцирате на екранот, од богатата библиотека со слики и фотографии – и да ја претворите секоја просторија во уметност како галерија исполнета со најпознатите уметнички дела во светот. The Frame Art Store нуди повеќе од 1.500 уметнички дела од светски познати музеи и галерии како што се рускиот музеј Ермитаж, францускиот Лувр и шпанскиот музеј Прадо.

Тенка рамка за максимално вклопување во просторот

 Моделот на телевизорот The Frame од 2021 година има тенка рамка од 24,9 мм одека широкиот избор на рамки во различни бои додава елеганција. Можете да изберете рамка што изгледа како вистинската рамка за слика во различни варијанти – бела, крем или кафена, дискретна рамна рамка и закосена рамка во бела или цигла боја. Телевизорот The Frame може да се монтира на држач за ТВ или на ѕид за да добие изглед како во  галерија. Starry Night на Ван Гог во дневна? Совршено!

Доживеј ја секоја емоција автентично

Доколку сте расположени за романтична комедија од плејадата на романси која ги нуди HBO, со технологијата Quantum Dot ќе ја добиете најдобрата слика досега, овозможувајќи да ја видиш секоја боја, нијанса и тон на сè што гледаш, вклучувајќи ги и уметничките дела, точно онака како што треба да се гледаат. Тотално доживување на секоја емоција на ТВ екранот. Што се однесува до прекрасните филмски soundtracks, The Frame нуди уживање во совршен звук, без разлика каде и како е поставен телевизорот. Технологијата SpaceFit Sound го анализира опкружувањето во просторијата, а потоа автоматски го калибрира звукот на The Frame во оптималните поставки. Едноставно вклучи го телевизорот, и дозволи SpaceFit Sound да го направи останатото.

Филмската вечер може да започне и доколку не сте пред вашиот телевизор

 За љубителите на ултра модерниот дизајн тука е The Sero 4K Smart TV 2020 кој нуди единствен ротирачки екран. Црните рамки си заминуваат во пензија, бидејќи  The Sero ја прикажува твојата содржина, вклучувајќи ги апликациите и друштвените медиуми, со оптимизиран сооднос за гледање, за да можеш да уживаш во целиот екран. Со опцијата SmartThings, филмската вечер може да започне и доколку доцните. Започни филм на твојот паметен телефон додека се враќаш од работа и лесно префрли се на твојот Samsung телевизор кога ќе стигнеш дома. Независно од тоа дали имаш Android или iOS, со апликацијата SmartThing може лесно да се поврзеш и да уживаш. Покрај со вградениот AirPlay 2 можеш лесно да пушташ филмови, серии, музика и фотографии на The Sero директно од твојот iPhone, iPad или Mac. Доколку домашното кино сакате да го пренесете во вашата спална лесно е. Со тркалцата на The Sero, лесно може да го поместите каде и да посакате.

Binge гледање на серии од утро до мрак

Доколку сте од оние што уживаат во binge гледање на серии од утро до мрак, The Sero е тука да се погрижи за максимална адаптација на светлоста. Понекогаш собата се затемнува додека гледаш филм и тешко се гледа што има на ТВ екранот. Со адаптивната слика, The Sero може да ги почувствува промените во осветлувањето околу тебе и да се приспособи за да одржува оптимална осветленост и контраст за пријатно гледање. Што велите за забава после филмската вечер? Изненадувачки моќниот аудио систем на The Sero има 4.1 ch 60-ватни звучници со Dolby Digital Plus. Лесно е за поврзување на твојот паметен телефон, а звучниците се речиси скриени во вертикалниот држач, создавајќи врвен звук низ просторијата со многу бас. Лесна трансформација на cozy вечер во супер забава!

Филмска тематска вечер со HBO

Следно на листата е одбирање филм! Направете тематска вечер – комедија, романса, драма, хорор, акција. Во која категорија и да се наоѓате на сите паметни телевизори на Samsung  достапна е апликацијата HBO, каде можеш да одбереш од плејадата култни класици, нови филмови, серии, анимирани филмови и многу, многу повеќе.

Амбиентот е подеднакво важен. Една од идеите за филмска ноќ во домот што ќе го оживее вашиот двор или дневната е да го декорирате тематски, како на пример прикажување знак „Now Playing“, закачување филмски постери или ставање црвен тепих. Холивудска премиера во вашиот дом? Зошто да не?! Што е следно? Мени со различни закуски, амбиентално осветлување, миризливи свеќи. Животот е убав зар не?

Повеќе информации за ТВ уредите на Samsung можете да погледнете на линкот : https://www.samsung.com/mk/lifestyle-tvs/

Претходна статијаApple планира да воведе купување на iPhone и другите уреди преку месечна претплата
Следна статијаGoogle ќе ги тргне филмовите и сериите од Play Store