foursquare-4-wp-screens

Доколку сте активен корисник на Foursquare, односно сега и Swarm сигурно знаете дека оваа социјална мрежа ја подели својата апликација на две и со тоа ги подели достапните функции во посебните апликации. Новата Swarm ја превзема улогата на апликација наменета за чекирање на местата каде што одите, нешто за што Foursquare во главно беше користена, барем во нашата земја.

Претходната апликација го задржа своето име, меѓутоа ја изгуби можноста за чекирање на местата и со тоа нејзината намена остана како апликација за пронаоѓање на интересни места на локацијата каде што се наоѓате. Апликацијата го смени својот дизајн, лого и доби повеќе можности поврзани со нејзината старо/нова и сега единствена функција. Беше претставена за корисниците во Јули оваа година, а верзијата за Windows Phone беше најавена за наредните неколку недели.

Сепак, можеби и не за изненадување на повеќето корисници, неделите станаа месеци, па новата и редизајнирана апликација конечно стана достапна денес, неколку месеци по пуштањето на Swarm за оваа платформа. Направена е со корисничкиот интерфејс кој што се користи и на другите платформи, иако некои од опциите се поставени на различни места.

Генерално, Foursquare сега функционира одлично, односно за разлика од претходната верзија се стартува веднаш и работата со неа е како што треба исто така.

На главната страна се поставени местата кои што се наоѓаат во вашата близина, како и можноста да пребарувате дополнителни места. Тие се прикажуваат покрај според категоријата и врз основа на вкусовите кои што самите ги избирате, а доколку веќе ја имате користено апликацијата на некоја од другите платформи, тие ќе бидат достапни и избрани и тука.

Ја имате можноста да следите луѓе кои што сметате дека имаат интересни совети за местата каде што одите, а тие исто така влијаат и на предлозите за места кои што ќе ги добивате. Достапна е и поврзаноста со Swarm, па додека разгледувате некое место, можете да притиснете на копчето check in кое што ќе ве однесе во Swarm апликацијата, се разбира доколку ја имате инсталирано.

Одлуката за поделба на апликацијата на две наиде на многу критики, посебно за Foursquare апликацијата која што сега е наменета за наоѓање на места. Дали сте воопшто корисник на некој од овие апликации и дали и за вас само функцијата за чекирање беше она што го користите и е корисно ?

Foursquare 4.0 е достапна за корисниците на Windows Phone и можете да ја надградите или симнете преку продавницата за апликации, како и преку следниот линк.

Симнете ја Foursquare 4.0 за Windows Phone

Претходна статијаViber Public Chats: Дали Viber сака да стане и социјална мрежа
Следна статијаAndroid 5 на Galaxy S4, S5 и Note 3 прикажан на неофицијални видеа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.