Иако сите модерни телефони имаат одличен календар со можности за планирање на состаноци, начинот на кој тие се користат, а и начинот на кој ве известуваат се различни. iPhone и iPad имаат многу ефикасен календар кој можете да го користите за планирање на вашето време и како потсетник. Но, постојат безброј можности за напредок на сегашниот календар на Apple уредите. За среќа, не морате да ја чекате следната генерација на телефони и таблети.
Fantastical е напредна верзија на календарот кој веќе го имате, со додатни опции за негово користење. Апликацијата има едноставен и брз интерфејс, во кој одбирате ден во кој би сакале да закажете состанок или да поставите потсетник. Потоа, ги внесувате стандардните информации за состанокот и календарот ве потсетува за истиот. Со оваа апликација, никогаш повеќе нема да касните на работа, школо или доручек со роднините.
Тоа што е навистина интересно за Fantastical е неговиот интерфејс кој е познат по мазните транзиции. Можете, користејки го екранот на допир, да движите „денови“, состаноци и потсетници на вашиот екран. Да придвижите состанок од еден ден на друг, или да го внесете во „корпа“.
Календарот има одличен систем на препознавање на звук кој служи за да вие можете да закажете состанок само со тоа што го изговарате времето и местото на вашиот таблет или телефон. Со други зборови, оваа апликација го претвора вашиот телефон во ваш личен асистент кој ги запишува вашите зборови и истовремено запаметува да ве потсети за вашите должности кога ќе дојде време.
Fantastical е достапна за iPhone веќе одреден период, а сега е достапна и посебно прилагодена верзија за iPad. Апликацијата можете да ја превземете од App Store за цена од 10 долари.