Фото: Shutterstock.com

Британската влада, поточно Одделението за дигитално, култура, медиуми и спорт, излезе со предлог за воведување на „првиот во светот“ кодекс за практика за поставување на минимални безбедносни и барања за приватност за продавниците за апликации и програмерите.

Од владата се повикуваат на извештај од страна на Националниот центар за сајбер безбедност кој покажува дека податоците и парите на корисниците се загрозени поради апликациите кои имаат малициозен софтвер, а тука се и апликациите кои се лошо направени, односно имаат недоволно добро развиен код.

Во предлогот стојат продавниците за апликации на мобилните, но и на играчките конзоли, телевизорите и други паметни уреди. Посебно се истакнуваат и компаниите Apple, Google, Huawei, Microsoft и Samsung.

Една од практиките која е дел од предлогот на владата е продавниците за апликации да имаат процес за пријавување на проблем со апликациите со цел тие да можат побрзо да бидат откриени и исправени.

Од владата планираат да примаат предлози од компаниите во ИТ индустријата и со тоа подобро да се подготват сите предлози кои би требало после да почнат да се почитуваат.

Поголемите компании веќе имаат механизми за проверка на апликациите, иако не ретко се критикувани за достапноста на малициозни апликации. Сепак, ваквите ситуации се поретки, па најчесто проблематичните апликации се инсталираат или надвор од продавниците или од помали продавници од трети страни.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаВОЗИ И ТИ MAX ВЕЛОСИПЕД – Македонскиот бренд MAX со нова колекција на велосипеди за 2022
Следна статијаЕлон Маск најавува можност за плаќање од страна на владините и деловните корисници на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.