Фото: Shutterstock.com

Јасно беше дека доцнењето на Apple со претставување на функции со генеративна вештачка интелигенција не е она класичното доцнење по кое се познати од компанијата, по кое обично претставуваат многу подобра верзија од конкурентите.

Изгледа дека за разлика од додавањето „виџети“ во iOS или „always on“ можност кај екранот, како и многу други примери, со веќе не толку новиот тренд на генеративна вештачка интелигенција е доста голема. Доцнење во овој случај изгледа е неприфатливо, па од Apple настапија нестандардно и побрзаа да се приклучат на трендот. 

Сепак, уште од септември стана јасно дека работите со Apple Intelligence не се баш како што треба, а тоа посебно дојде до израз со одложувањето на понапредната верзија од Siri, која првично се очекуваше дека ќе биде претставена оваа пролет. 

Вистинското подобрување на Siri веќе се очекуваше за идната година, а ова подобрување се најавува дека ќе вклучува сопствен голем јазичен модел и ниво на способност на асистентот како ChatGPT идругите. 

Според информациите кои стандардно ги објавува Марк Гурман, а повторно се врз основа на извори во компанијата, изгледа дека дури и првичните помали подобрувања на Siri ќе бидат оставени за идната година. Посериозната надградба со сопствени јазични модели, можно е да биде пуштена дури во 2027.

Тестирањата на новите функции на Siri, се имаат покажано како недоволно добри, а и со грешки, па по одложувањето за мај, сега изгледа дека истите ќе бидат пуштени идната година. Сепак, Apple не би си дозволиле да пуштат нешто што не е доволно развиено, без разлика колку и да мораат. 

Овој развој на настаните ќе биде проблем за компанијата, а посебно што тие ги рекламираат Apple Intelligence функциите уште од минатата година. Рекламирањето на овие функции продолжува и сега, па корисниците кои не се доволно запознаени може да добијат впечаток дека уредите кои би ги купиле имаат доволно функции со ВИ, а тоа не е баш случајот. 

Конкурентите веќе претставуваат понапредни функции со ВИ, иако се’ уште не може да се каже дека и тие се којзнае колку корисни, а засега може да се издвои Amazon со новата Alexa+ која треба да им стане достапна на корисниците овој месец. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаSoundbar – звучниците на Samsung на врвот на глобалната продажба 11-та година по ред
Следна статијаПретставен првиот комерцијален компјутер за кој се тврди дека успешно комбинира мозочни клетки и традиционални силициумски чипови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.