Моментално Microsoft се најголемиот инвеститор во OpenAI, а како што е познато тие беа и првите кои почнаа да ги интегрираат функциите со генеративна вештачка интелигенција во нивните производи.
Соработката со OpenAI на Microsoft им овозможи пристап до најновите јазични модели од компанијата, пред истите да им станат достапни и на другите.
Оваа соработка изгледа веќе не е како што беше на почетокот, односно како што изгледа од страна. Анонимни извори на Reuters информираат дека од компанија планираат да ја намалат зависноста од OpenAI кај нивните производи како Microsoft 365 Copilot, а како причина за тоа се истакнуваат високите трошоци и брзината на моделите.
Наводно, функционирањето на OpenAI полека станува доста скапо, а за тоа можевме да прочитаме повеќе пати, а вредноста која ја добиваат корисниците, посебно бизнис, не може да се оправда.
Коментарите одат до таму дека корисниците не се задоволни од функциите кои ги добиваат со вештачката интелигенција, нивната точност и корисност.
Microsoft планира да почне да користи други јазични модели, дел развиени од нивна страна, но и од другите компании. Веќе можевме да видиме со пуштањето на бесплатната верзија од GitHub Copilot дека корисниците можат да изберат и други јазични модели, покрај GPT-4.
Може да се каже дека Microsoft ќе отиде во правецот на Apple, кои развиваат сопствени јазични модели, но имаат и соработка со OpenAI, а за во иднина се најавува и соработка со Google.