Microsoft оваа недела пушти бесплатна верзија од нивниот GitHub Copilot, одлука која дефинитивно ќе направи разлика за доста програмери. Со ова корисниците добиваат бесплатен пристап до алатка која може да им помогне доста при развојот на својот код.
Очекувано, GitHub Copilot Free доаѓа со одредени ограничувања, па корисниците ќе можат да искористат до 2.000 довршувања на код во месецот, како и до 50 пораки како разговор во месецот.
Добро е што платената верзија, односно GitHub Copilot Pro чини само 10 долари месечно, а во истата ги нема ваквите ограничувања.
GitHub Copilot е достапен како додаток во повеќе апликации, како што се VS Code, Visual Studio, JetBrains IDEs, Xcode и други.
По инсталацијата на додатокот, корисниците треба да се најават со својата GitHub сметка, па можат да почнат да го користат асистентот за програмирање.
GitHub Copilot покрај тоа што овозможува разговор како со другите „четботови“, овозможува и пишување на код, измена на веќе напишан код, на делови од него, проверка на кодот, целосна измена на повеќе датотеки на кои се работи и слично.
Дефинитивно одлична алатка за програмерите, а сега им станува достапна на повеќе од нив.
Во најавата на бесплатната верзија од GitHub Copilot, најавено беше и дека е помината бројката од 150 милиони програмери на GitHub.