Фото: Shutterstock.com

Apple го презентира приклучувањето на трендот на интегрирање на функции со генеративна вештачка интелигенција, наречени Apple Intelligence, уште во јуни оваа година. Првично се веруваше дека сите овие нови функции ќе станат достапни како и со другите вакви најави, во септември со првата финална верзија од системите, но тоа не беше така, а и можевме да прочитаме дека тоа нема да биде така. 

Сега како што е познато, повеќето функции беа пуштени овој месец со пуштањето на iOS 18.2 и другите системи, а ќе чекаме до идната година за пуштањето на понапредната верзија од Siri, нешто што може да се каже дека беше голем дел од Apple Intelligence при првата презентација. 

Според информациите кои ги добива Марк Гурман, одложувањето на функциите, односно работата на нивниот развој по септември ќе придонесе за вакво доцнење и со наредната верзија од iOS, односно iOS 19. 

Наместо програмерите во Apple веќе да работат на новите функции кои треба да бидат дел од iOS 19, тие се’ уште работат на iOS 18. 

Поради ова се очекува дека дел од најавените, а тоа посебно важи за Apple Intelligence, функции во јуни наредната година, може да се очекуваат дури во 2026 година со iOS 19.4 надградбата, како што е случајот и сега. 

Една од поголемите новини кои се очекуваат да бидат презентирани во јуни 2025, но да дојдат во 2026, е развојот на целосно нов и сопствен јазичен модел кој ќе овозможи Siri да функционира како ChatGPT.

Гурман нема детални информации за тоа кои нови функции би доцнеле идната година, па очекувањата се дека сепак како и оваа, iOS 19 ќе донесе доволно новини од почетокот, а најверојатно повторно чекањето ќе биде во главно за тие поврзани со вештачката интелигенција. 

ИЗВОРBGR
Претходна статијаGitHub Copilot доби бесплатна верзија 
Следна статијаMicrosoft ги тестира првите Companions функции најавени за Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.