Проектот е започнат уште од 2016 година, а сега продолжува со уште повеќе податоци и детална мапа со висока резолуција која треба да им овозможи помош на хуманитарните активности во светот.

Facebook, поточно делот од компанијата кој работи со развој на вештачка интелигенција, во која спаѓа, на пример, познатата технологија за препознавање на слики од компанијата, овозможи мапа од скоро целиот афрички континент.

Што подразбира овој проект од Facebook, oдносно која е предноста во споредба со досегашниот начин на проценка на густината на населението во светот?

Главната предност секако може да се најде во машинското учење кое овозможува анализа на податоците кои не би можеле да се направат, барем не за „нормално“ време доколку се прави само со луѓе.

Податоците Facebook ги користи од јавно достапните мапи од сателитите, заедно со информации од пописи, како и банки и слични други институции.

Со анализа на мапите, бројот и видот на градби, Facebook, односно нивниот алгоритам, може да процени колку луѓе живеат во одредена област, со многу поголема точност од досегашната анализа од страна на луѓето на овие мапи.

Целта на мапите за густината на населението, за што Facebook најавува дека планира да ја направи за целиот свет, е да овозможи информации при хуманитарните активности.

Пример за хуманитарни активност се испраќањето на помош при природни непогоди, како и воени места.

Тука е и вакцинирањето на одредени групи на население, а со ваквите мапи ќе може да се процени точната потреба за одреден регион со што помошта, без разлика која е причината за истата, ќе биде точно и навремено доставена.

Секако, не може Facebook да се спомене во некоја новост, а да не се размисли за користа која компанијата потенцијално може да ја има, покрај таа што се истакнува. Facebook ваквите информации може да ги користи за давање на поголем избор на своите огласувачи, а тука се и други сценарија на кои можеме да се сетиме кога ќе ги земеме во предвид вестите за компанијата во изминатите години.

Од Facebook истакнуваат дека во оваа нивна работа не се користат информации и податоци од друштвената мрежа, како и тоа дека нема информации кои можат да идентификуваат некого лично, односно да ја нарушат приватноста на луѓето.

Претходна статијаRails Girls Macedonia – Get Started With Tech
Следна статијаСтотици млади девојчиња беа охрабрени да станат дел од СТЕМ светот преку DigiGirlz караванот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.