Тетово, (10.04.2019) Четири универзитети беа со полни сали млади девојчиња со цел да се охрабрат да станат дел од светот на СТЕМ професиите. Во Скопје, Штип, Битола и Тетово стотици средношколки беа дел од уникатни предавања во склоп на DigiGirlz караванот организиран од Мајкрософт Македонија.

Познати и успешни жени од ИТ и другите СТЕМ професии застанаа на подиумот пред девојчињата и разговараа со нив на голем број на теми, но најголем ефект имаа нивните приказни. Како тие успеале во животот и како тие ја имаа пронајдено иднината во ИТ беше клучниот момент. „Обраќањето и охрабрувањето од страна на овие жени е најзначајно за поставување на темелите на иднината на овие девојчиња затоа што иако 40% од нив би дипломирале на факултети како ФИНКИ тоа не значи дека би продолжиле во овие професии кои носат многу стабилност и сигурност.“, порачаа од Мајкрософт Македонија.

Во амфитеатрите и салите се обратија д-р Иван Чорбев, декан и вонреден професор на ФИНКИ, Елисавета Нојковска, Регионален маркетинг менаџер во Мајкрософт за модерното работно место за 24 држави, Катерина Бојков, ЦОО и ко-основач на EmbedSocial, Ирена Ивановска,  раководител на ИТ про одделот во СЕМОС, Аријана Коскарова, ко-сопственик на Creative Hub, Татјана Бошевска, ЦИО во SEAVUS групација, Мартина Димовска советник во Quantum Space Products Inc. – Kennedy Space Center, Цвета Мартиновска Банде, декан и професорка на Факултет за информатика при Универзитетот Гоце Делчев, Марија Мелкова, раководител на Мајкрософт Modern Workplace Business Group, Нина Николиќ, координаторка на Swiss EP, проект на Швајцарската Влада за поддршка на претприемништвото во Македонија, Ивана Станковиќ, менаџерка за инвестиции на South Central Ventures, Моника Ризовска, менаџерка на Cosmic Development, Јана Клопчевска, доцент на Технолошко – металуршкиот факултет, Игор Неделковски, декан и професор на Факултет за информатика при Универзитет Св. Климент Охридски, Маријана Милевска, Извршен директор на PREDA PLUS, фондација за економски развој и поддршка на стартапи, Магдалена Аневска, дипломиран менаџер – инженер на информациски системи на Факултетот ФАМИС во Битола, Јасмина Антиќ Атанасовски, менаџер за човечки ресурси во Inter Works, д-р Бесник Селими, Декан на Факултетот за современи науки и технологии при Универзитет на Југоисточна Европа, Вероника Карева, продекан за квалитет и претседател на бордот во Tech Park, УЈИЕ, Марија Атанасовска од GOBIVA, Влора Адеми, извршен директор во DIGICUBE, Бора Даути и Флорина Асани од INSPIRE11, Лејла Абази, Професорка на CST Факултетот и Директорка на Докторската Школа на УЈИЕ. Тоа се 24 говорници во 4 градови за околу 400 девојчиња кои сега се целосно запознаени со тоа што може да им донесат СТЕМ професиите.

Покрај самите обраќања за младите беа организирани показни вежби и симулации со цел да го допрат ИТ светот, не само да слушнат за него.

Самиот DigiGirlz караван беше организиран од страна на Мајкрософт Македонија во склоп на YouthSpark иницијативата на глобално ниво. Минатата година интересот кај младите ја поттикна едукативната кампањата да се прошири и оваа година истата се организираше во двојно поголем број на градови каде беа претставени начини на кодирање, програмирање беше охрабрена иновација во креирањето и стимулирањето на нови ИТ идеи.

„Клучот на иднината е во наши раце и овие денови им го даваме на младите. Нивната амбиција и интерес ќе вроди знаење и работа која ќе промени светот. Затоа одлучивме тука да го поставиме темелите на напредокот на општеството, во храброста на девојчињата кои беа со нас.“, порача Елисавета Нојковска, Регионален маркетинг менаџер за модерното работно место за 24 држави.

Претходна статијаFacebook креира мапа на густината на населението со помош на машинско учење
Следна статијаQualcomm претстави три нови платформи од средната и средно високата класа