Фото: OpenAI

Во рамките на „The New York Times DealBook Summit“, основачот и директор на OpenAI, Сем Алтман, информира дека ChatGPT сега има повеќе од 300 милиони активни корисници неделно. 

Бројката од 200 милиони беше надмината во август оваа година, па може да се заклучи дека најпознатиот „четбот“ брзо ја зголемува својата бројка на корисници. 

Како што може да се забележи од тие кои го користат ChatGPT, алатката редовно добива новини, а една од повеќе корисните и најнови беше отворањето кон интернет, односно пристапот до најновите информации. Со ова ChatGPT може да се користи и како еден вид на алтернатива на Google Search и другите. 

Во разговор со The Financial Times, главната директорка за финансии на компанијата, Сара Фриар, ја најави можноста ChatGPT да почне да прикажува реклами. 

Ова засега е во фаза на размислување, односно е само идеја, па според информациите не се планира наскоро нејзино реализирање. 

Како што би се очекувало, доколку дојде до прикажување на реклами тоа би било за бесплатните корисници, односно корисниците кои го користат ChatGPT без претплата. 

Можна алтернатива за зголемување на приходите е и зголемување на месечната претплата на достапните пакети. 

ИЗВОРBGR
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаТим Кук во интервју за Wired открива што смета дека ќе биде главната одлика на нивните производи и тоа не е генеративната вештачка интелигенција
Следна статијаSamsung One UI 7 ги подобрува безбедноста и приватноста во ерата на вештачката интелигенција, нудејќи им на корисниците поголема транспарентност и избор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.