Неспорен факт е дека од време на време се раѓаат луѓе кои со својата аура и „драјв“ го смениле ликот на земјите во кои живеат (или пак, и светот). Фактот дека голем број лидери – особено политички, од фашистите и социјалистите – моќта ја (зло)употребиле за креирање хаос и уништување на општественото ткиво на своите татковини укажува на важноста и одговорноста на лидерството и моќта. И на значењето на оние кои биле позитивна промена.

Еден од подобрите говори за лидерството и „потценетата“ улога на првите следбеници

Листата е ограничена на политички лидери чија улога е многу попрефинета и влијае врз животот на сите граѓани на одредена територија (и пошироко). И на луѓе кои сепак, поради една или друга причина, не се доволно познати, изучувани и промовирани во Македонија. Значи, бизнис и друг тип на успешни лидери (како Џеф Безос, Стив Џобс, итд.), иако го менуваат ликот на светот во кој живееме, не се дел од овој текст.

Лично, листата ми е особено интересна бидејќи верувам во „спонтан поредок“ – развој од доле нагоре, во „слободна рамка“. Лидерството во овие услови значи стекнување моќ и, парадоксално, користејќи ја за отстранување на пречките на спонтаниот поредок и слободниот пазар. Воглавно.

1 – Лудвиг Ерхард

I have repeatedly stressed that I consider personal freedom to be indivisible. With this conviction I have worked since 1948 to reduce all economic restrictions. A free economic order can only continue if and so long as the social life of the nation contains a maximum of freedom, of private initiative, and of foresight.

Лудвиг Ерхард (1897 – 1977) бил министер за економија во првата влада на Западна Германија во тимот на канцеларот Конрад Аденауер а потоа и канцелар од 1963 до 1966. Во пост-воена Германија бил еден од ретките гласови на слободата (економска и политичка). И не е чудно ако се има предвид дека ментор на докторската дизертација му бил Франц Опенхајмер, еден од најголемите либертаријанци-анархисти во тој период.

Она што е неверојатно е што Ерхард дошол на позицијата министер за економија после Хитлер и Втората светска војна. Не само што наследил инфраструктурен, институционален и финансиски хаос туку и една општествена култура со силни про-социјалистички влијанија. Како free-market и либертаријанец, Ерхард одлучно расчистил со олигархијата, ги укинал сите ценовни контроли и илјадниците регулативи кои ја кочеле економијата. Следувало т.н. „германско чудо“ – развојот на една разрушена Германија во супер економска сила за неполни две декади (секако, зборуваме за Западна Германија).

2 – Ли Кван Ју

Ли Кван Ју (1923 – 2015) е првиот Премиер на Сингапур – едно триесет години по што си назначи наследник. Со други зборови, доживотен лидер (се до неговата смрт пред некоја година).

ЛКЈ е лидер кој всушност успева да го трансформира Сингапур од неразвиена колонизирана земја во развиена независна супер-сила за само една генерација (ние трета генерација не можеме да излеземе од дното на пример). Интересно е што иако има скоро неограничена политичка моќ, ЛКЈ прифаќа голем дел од капиталистичките и либералните традиции од Западот – како практична неопходност. Имено, Сингапур е земја со ограничени природни ресурси, комплексен етнички микс и специфична азиска култура која бара комбинација на строга рака и дисциплина во однос на јавен ред и безбедност и големи економски слободи за развој и иновации. Патем, Сингапур до ден денеска котира на првите три места по економски слободи – во светот – и успева со пола од големината на нашиот државен апарат да има беспрекорни јавни услуги.

ЛКЈ е најзаслужен за овој against all odds развој на држава (сличен развој има и Хонг Конг, со многу полиберални политики, под лидерство на Сер Џон Џејмс Коупертвајт).

3 – Калвин Кулиџ

„Liberty is not collective, it is personal. All liberty is individual liberty.“

Калвин Кулиџ (1872 – 1933) е еден од помалку познатите претседатели на САД (бидејќи не бил манијак опседнат со моќ). Поточно, 30-тиот Претседател во периодот од 1923 до 1929. Иако бил ултра популарен (водел на сите анкети двојно пред било кој демократски кандидат и на крајот на неговиот втор мандат), човекот не се кандидарал пак верувајќи во традицијата да се држи претседателот до максимум два мандати (во неговиот период сеуште не бил усвоен мандатот со кој се става лимит на претседателот на максимум два мандати). Кога објаснил зошто не се кандидирал пак, „тивкиот Кал“ рекол дека „е време да биде ослободен од претензиите и илузиите на јавниот живот“.

За разлика од Роналд Реган, Кулиџ бил претседател кој своите слободарски говори и зборови не ги погазил со интервенционистички политики (ропскиот менталитет го гледа ова како маана, „Претседател кој не прави ништо“). Најпрво, највисоката маргинална даночна стапка ја спуштил од 65% на 20%, по што следувал огромен бум на берзата. Во првата година од неговиот мандат државниот буџет изнесувал исто (и во даночни приходи и како даночни расходи) како кога ја напуштил Белата куќа, додека истовремено го намалил долгот од тогашни 22.3 милијарди долари на 16.9милијарди. Ова е феноменалено незамисливо остварување за денешните лидери! Со други зборови, додека реалната економија растела (со просечни 7% годишен раст!) државниот апарат земал помал дел од колачот. На пример, кај нас во последните 15 години иако економијата е дуплирана (од ~5 на 10тина милијарди евра) државниот апарат е зголемен за скоро четири пати (од ~1милијарда Буџет на ~4милијарди).

Ретки биле луѓето како Кулиџ тогаш. Денес се уште поретки. Но заслужуваат да бидат изучувани и никогаш заборавени. Бидејќи со нивен заборав ќе заминат и мудростите и лекциите кои се основа на просперитет на цели општества.

Претходна статијаEnergizer Power Max P18K Pop е смартфон со батерија со капацитет од 18.000 mAh
Следна статијаЗголеми ја продуктивноста со музика
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.