ExpertReviews

Energizer го најави претставувањето на овој уред на почетокот од месецот, кога најави дека на MWC 2019 планира да претстави 26 различни телефони.

Секако од овие 26 уреди, кои повеќето се од пониската класа, најголемо внимание привлекува Power Max P18K Pop, кој доаѓа со огромна батерија со капацитет од 18.000 mAh.

За да може да се овозможи уредот да има ваква батерија, очекувано тој е многу подебел од тоа што сме навикнати да го гледаме кај модерните смартфони, па сигурно би го купиле луѓе кои навистина им е потребна оваа батерија.

ExpertReviews

Дебелината на уредот изнесува скоро 2 сантиметри, односно 18 милиметри, што е за околу 3 пати повеќе од останатите „обични“ смартфони. Екранот е со големина од 6,2 инчи и има резолуција од 2280×1080 пиксели. Работи на Mediatek Helio P70 процесорот со 8 јадра до 2.0 GHz, има 6 GB RAM меморија, како и 128 GB простор за податоци.

Интересно овој телефон има и тројна задна камера со 12, 5 и 2 мегапиксели, како и двојна предна камера која се извлекува од него со 16 и 2 мегапиксели.

Се разбира, главната карактеристика на телефонот е неговата батерија и можам да замислам како тој ќе го привлече вниманието на планинарите, на пример. Батеријата според Energizer може да издржи до 50 денови во режим на мирување, како и до 4 денови слушање музика и 2 дена гледање на видео.

Огромната батерија се полни со брз полнач, па истата нема да треба да се чека со часови да се наполни, а од Energizer тврдат дека истата се полни за 2 часа.

Со олед на големиот капацитет на батеријата, овој телефон може да се користи како Power Bank, односно може да се користи за полнење на други уреди.

Цената на Energizer Power Max P18K Pop ќе изнесува околу 600 евра.

ИЗВОРExpertReviews
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаСива зона на Пикбокс: Три работи што треба да ги знаете за напрегнатата скандинавска серија
Следна статија3 лидери од поновата историја кои треба да се изучуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.