Вистинската музика во вистинското време може да ја зголеми нашата продуктивност на работа. Се што е потребно е да имате слушалки – noise cancelling по можност, но било какви ќе завршат работа.

Во доба на океански простори за работа, ефективната музика понекогаш ни е неопходна за да влеземе во ритам. Бучавата околу знае да не прави анксиозни и ја намалува нашата продуктивност (освен ако не сте тип на човек кој е роден за да работи во таква средина).

Одбегнувајте поп-музика

Поп-музиката, како прво, има текст. Текст од кој често се добиваат нагони за повраќање. Не е препорачливо да слушаме ваква музика додека работиме, од оваа, но и од повеќе други причини. Музика со текст ни ја намалува способноста за длабоко резонирање и концентрацијата при читање.

Мозокот во тој момент е во целосен мултитаскинг моуд. Од една страна се обидува да процесира информации поврзани со работата а во исто време се труди да дешифрира текст од песна на Кејти Пери.

Единственото сценарио во кое музика со текст нема премногу да ви пречи во работата е во извршување на репетитивни и „досадни“ работи.

Во другите ситуации, имате повеќе избор.

Звуци од кафуле / Звуци од библиотека

Има неколку видеа на Јутјуб кои реплицираат звуци од кафич и од библиотека. Тоа се одлични звуци кои се чини ја зголемуваат концентрацијата за работа. Ве ставаат во продуктивен mood.

Моја препорака: оваа и оваа плејлиста.

Бинаурални битови

Можат да се слушаат за различни намени: медитација, опуштеност, подобро расположение. Но, исто така помагаат и во постигање на ниво на зголемен фокус и концентрација. Проверете го овој вебсајт и испробајте кои звуци најмногу ќе ви прилегаат.

Не слушајте нова музика

Мозокот ќе добива нови информации и како последица вашиот фокус ќе биде распрскан на повеќе страни. Држете се до добро позната музика, без текст, без агресивни звуци. Ако веќе слушате музика со текст, еден добар бенд е Сигур Рос, кои пеат на измислен јазик кој вашиот мозок не може да го дешифрира колку и да се труди.

Пријатна работа.

Претходна статија3 лидери од поновата историја кои треба да се изучуваат
Следна статијаNubia Alpha е паметен часовник чиј екран се навиткува на раката на корисникот