Од петокот до среда, шест цели денови беа достапни за одмор со спојување на само еден ден. Доколку не сте од тие кои сакаат многу да шетаат во секоја можна ситуација, па не ретко останувате дома, еве некои работи кои можете да ги научите, а секако не мора да се празници за да ви се најдат како корисни.

1 – Што се случуваше со Биткоин во 2018 (крипто)

Во Bitcoin by the numbers:2018 Recap програмерот Џејмисон Луп компилира огромен број на индикатори за развојот и растот на Биткоин од 2014. Многу интересни податоци – од тоа во кои земји покажале најголем интерес за Биткоин (хинт: не се веќе Австралија и Сингапур), па се до каков е академскиот интерес за главната криптовалута (т.е. крипто монетарен систем!).

Bottom line: 2018 беше најлоша година за Биткоин особено од аспект на вредност/цена. Или најдобра ако се земат предвид технолошките иновации и подобрувања. Едноставно, зависи кои параметри ги следиш.

2 – Основна лекција за природата на парите (економија)

Професорот Хулсман има одличен (средна-големина) текст за „природата на парите“ – Ludwig von Mises and the Nature of Money. Преку учењата на еден од најголемите економисти во почетокот на минатиот век, Лудвиг фон Мизес, текстот на Хулсман е одлична базична лекција за парите која можете да ја прочитате и научите за празниците.

Теоријата на пари има огромна улога во развојот на криптовалутите.

Bottom line: парите и монетарниот систем може да се родат спонтано, без никаков претходен „општествен договор“ или вмешување на Државата. Како што се појави и впрочем Биткоин.

3 – Како да ДЕ-ексалираш стресна ситуација (психологија)

Сет Годин е одличен модерен мислител. Секогаш има кратки и паметни размислувања кои се апликативни за секојдневни ситуации. Последната (The Practical De-escalation of worry) му е за стрес и како нашиот однос кон стресот влијае кон ескалација или смирување на ситуацијата.

Bottom line: нашата поставеност кон проблемот, особено говорот и зборовите кои ги избираме, влијаат врз целата ситуација. Она што ни се случува во глава го поврзуваме со објективната реалност – поради ова, можеме свесно да влијаеме (во ограничена мера) врз тоа како ќе се развива стресната ситуација. Драма креира паника – паника креира стрес. Chill & focus.

4 – Водич како да се „убациш“ на Lightning мрежата (крипто)

Една од поголемите иновации во Биткоин светот беше развојот на т.н. Lightning Network – off-chain мрежа која овозможува инстант плаќања по скоро нула трошок. Големи надежи се влеваат во оваа иновација дека ќе помогне во решавање на еден од најголемите предизвици во Биткоин – т.н. scalability, односно „капацитетот на системот/мрежата да расте во големина согласно побарувачката/потребата“. 

Без разлика на ова, LN е интересен концепт и вреди да се експериментира со ситно на оваа мрежа – помага за совладување и навикнување на користење на криптовалути.

Ова е сеопфатен водич за почетници кој ги има објаснето сите чекори на едноставен начин. So, if you are serious and interested, празникот е одлична прилика да се научи нешто повеќе.

Со LN потоа ќе можете да давате „бакшиши“ на Твитер за добри постови преку Tippin.me

Тоа е тоа. Уживајте во празниците.

Претходна статијаМладите амбасадори Калина, Лука, Борјан и Милош го одбележаа интернационалниот ден на фудбалот и пријателство во рамки на младинската фудбалска школа на ФК „Вардар“
Следна статијаЕфектите на 5G интернет врз здравјето: Колку е сериозна работата?
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.