Лажните вести се фраза која ги обележа последниве две години. Откако Трамп ги нарече CNN со истата фраза, таа е редовно употребувана од страна на медиумите, политичарите и сите други ентитети кои сакаат да се оддалечат од критика.

Односно, лажните вести толку добија на легитимитет, што дури и некои од вистинските истражувачки стории се нарекувани како „лажни“. Изустувањето на оваа фраза дава легитимитет на личноста која ја изустува.

Но, лажните вести се само симптом, а не причина за ерозијата на глобалниот медиумски систем. Причината се самите медиуми, и условите во кои тие функционираат.

Лажните вести се феномен исклучиво проширен преку интернет медиуми (вклучувајќи ги и друштвените медиуми). Најчесто, традиционалните медиуми, како што се телевизиите, се сметаат како веродостоен и професионален извор на информации. Меѓутоа, падот на довербата на граѓаните во овие медиуми доведе до основање на поголем број на онлајн медиуми.

За условите во кои работат медиумите во Македонија и во регионот не треба да се говори. Новинарите имаат ниски плати, и лоши работни услови. Уредниците и сопствениците се притискани од политичари и бизнисмени. До пред некоја година Владата беше еден од најголемите огласувачи во медиумите во Македонија.

Поради тоа, професионализмот на овие медиуми доживеа (и доживува) пад. Оттаму, не е зачудувачки што граѓаните се вртат кон други извори. Но, овие извори се често непроверени и сензационалистички. Тие не се во потрага по вистината, како што би требало да функционира еден медиуми. Тие се во потрага по кликови, односно имаат станати класичен „кликбејт“.

Она што носи најмногу кликови, е најмногу вреднувано од овие медиуми

Проблемот со лажните вести е постоечки. Барем во предизвикувањето на когнитивна дисонанца кај конзументите на вести, кои се помалку во можност да разликуваат помеѓу вистина и дезинформација.

Но, проблемот е поголем отколку што се чини на површината. Засега, решенијата се бараат од надолу>нагоре. Додека не се продре во суштината, проблемот се’ уште ќе постои. И ќе се продлабочува.

Претходна статијаДвата главни принципи кои треба да ги знаете во однос на заштитата на личните податоци по новата ЕУ регулатива (GDPR)
Следна статијаWeekend ги претставува урбаните Париз и Берлин: Двата највозбудливи градови во Европа се имаат создадено на соживотот на различноста