Загреб, 11 април 2018 – Започнаа припремите за единаесеттиот Weekend Media Festival кој веќе зачекорува во своето второ десетлетие. Оваа година најголемиот регионален комуникациски фестивал се одржува од 20-ти до 23-ти септември, а на сите добро познатата локација, поранешната фабрика за тутин во Ровињ, ќе биде во знакот на урбаните Париз и Берлин. Партнери на овогодинешниот Weekend Media Festival се Франција и Германија, водечки европски економски сили, но и престолнини на мултикултурата, уметниците, интелектуалците и иноваторите.

Томо Рицов, директорот на Weekend Media Festival истакна: „Париз и Берлин успеаја да ги искористат своите различности кои се клучниот фактор за нивната динамичност и постојана обнова. Всушност тој соживот на навидум неспоиви идеи ни послужи како инспирација за овогодинешниот 11-ти Weekend.“

Дел од програмата на овогодинешниот Weekend ќе биде посветена на гостите од Германија и Франција кои со заедничкото учество на Weekend ќе ја претстават соединетоста и испреплетеноста на Европа. Низ предавања и панел дискусии ќе не запознаат со најдобрите маркетиншки, медиумски и деловни практики од нивните земји, а во пропратната програма ќе не однесат низ современите Берлин и Парис.

Со изложба и музика ќе ѕирнеме во животот на модерниот „bon vivant“, ќе го пронајдеме парискиот шарм во најсовремените изуми и ќе дознаеме како во Берлин коегзистираат панкерите и бизнис луѓето, велосипедите и луксузните германски автомобили, ценетите уметници и цртачите на графити – и сите се чувствуваат добредојдени.

Томо Рицов и Никола Врдољак

„Берлин и Париз отсекогаш биле познати како градови на слобода за луѓе чија личност и начин на размислување излегуваат од општествените зададени рамки. Всушност, таквите луѓе, визионери на нашата индустрија, се трудиме да ги собереме на Weekend. Затоа ни е многу мило што оваа година партнери ни се држави и градови кои потикнуваат различност и креативно размислување. Сигурно ќе имаме што да научиме едни од други“, истакна Никола Врдољак, програмскиот директор на Weekend Media Festival.

Припремите за 11-тиот Weekend Media Festival се по полн ек. „Early bird“ котизациите веќе се во продажба и до 1-ви мај може да се купат по исклучиво поволна цена од 9.900 денари (1.200 куни). Сите „маркетингаши“ своите дела можат да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални дела во регионот ќе ги претстави најважната дигитална награда, SoMo Borac.

Покрај по конструктивни, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Weekend е познат и по најдобрите забави. И оваа година не очекува разновидна музичка програма и дружење до долго во ноќта.

Претходна статијаМожеби проблемот не е до лажните вести, туку до самите медиуми
Следна статијаУметност на живеењето, миксологија на вкусови – 11-то државно првенство на бармени во Македонија