Во претходниот дел објаснивме за последниот скандал со цензурирање на корисници на Patreon поради воглавно идеолошки причини. Поточно, про-левичарски невладини организации, (зло)употребувајќи го концептот на „говор на омраза“, успеваат со нивната стратегија да го ограничуваат просторот и платформите на кои идеолошки противници (оцрнети како „фашисти“, термин што пополека станува „секој кој не е лево од идеолошката оска“) може слободно да ги изразуваат своите ствови.

И изгледа конечно им прекипе на голем број луѓе и се отвори најверојатно најголемата приказна со која ќе се соочиме во 2019. Дали сакаме да живееме во општество во кое повеќето од нас можеби не се согласуваат со она што го кажува другиот, но сме спремни да го браниме нивното право да го кажат?! И доколку сакаме да живееме во либерално слободно општество, кои институции и механизми треба да ги имаме развиено?


Откако разбраа за банот на Sargon of Akkad од Patreon, Сем Харис, Џордан Питерсон, Дејв Рубин и ред други кои се во топ 100 корисници по следбеници ја напуштија или најавуваат напуштање на Patreon од принципиелни причини (луѓево добиваат по 10тици илјади евра во донации месечно од своите поддржувачи преку Patreon). Истовремено, бараат поддршка од секој кој поддржува слобода на говор. И изгледа ќе ја добијат од многумина.

Овој потег го следат голем број од нивните поддржувачи кои го поддржуваат овој чекор како морално исправен, принципиелен и храбар. Овие поддржувачи пак донираат и на други креатори на содржини (гејмери, влогери, итн.) кои исто така ќе имаат загуби.

Работата станува уште поинтересна.

Горенаведените ги здружуваат силите за да создадат нова платформа. И се отвораат големи прашања.

Како ќе функционира оваа платформа? Наведуваат дека истата ќе се гради врз принцип на нулта-цензура. Но како ќе се обезбеди дека оние кои ја контролираат платформата нема никогаш да банираат некого, поради било кои причини, било кога?! Дополнително, како ќе се донира на креаторите на содржини? Прашањето е каков Интернет сакаме – отворен, децентрализиран, без цензура или налик она што го имаме со традиционалните медиуми за комуникација каде што моќниците го контролираат говорот?!

Дејв Рубин, еден од луѓето кои ќе бидат лидери во овој процес, го спомна Биткоин како многу веројатна опција. Секако, проблем е тоа што користењето на Биткоин сеуште изискува одредено ниво на tech писменост и ниска ликвидност, но токму вакви use case-ови ќе влијаат позитивно токму на овие предизвици.

Приказната се отвори и нема назад. Најголемата политичко-технолошка приказна во 2019 најверојатно веќе почна да се испишува.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.