Секоја година на CES можеме да прочитаме дека Samsung го има донесено својот екран или како сега, уред, кој може да се превиткува, а неговото претставување за јавноста само што не дошло на ред. Иако тоа се случува со години веќе, оваа година е годината кога ќе го видиме овој уред во форма наменета за продажба, но сепак за тоа ќе почекаме уште некој месец.

Наводно, според неофицијална изјава на директор на една од компаниите кои имале пристап до приватниот дел од штандот на Samsung на CES 2019, од компанијата им го имаат прикажано уредот.

Обично Samsung ова го прави за своите клиенти, како што се мобилните оператори на пример, со цел да можат да видат пред време што ќе понуди компанијата.

Според изјавата на директорот, уредот изгледал одлично кога ќе се отвори и воопшто не се забележувал делот каде што се превиткува екранот. Тој истакнал дека во тој дел не се забележувале никакви “бразди”, а Samsung имаат најдено одлично решение за прицврстување на екранот кога е отворен.

Тоа не е случајот, според присутните на CES 2019 со првиот официјално претставен уред на преклопување, FlexPai од калифорнискиот стартап Royole.

Тоа што технологијата се’ уште не го овозможува, а истото го видовме и од FlexPai, е целосно превиткување на екранот со цел да се допрат сите негови страни една со друга и да се добие навистина тенок уред. Од Samsung имаат најдено решение кое ќе биде дел од финалната верзија, решение кое ќе овозможи заштита од кршење и оштетување на екранот, но сепак да не се добие навистина дебел уред кога е превиткан.

Инаку, големината на екранот кај овој уред ќе биде 7,3 инчи кога е отворен, што е одлична големина како еден помал таблет компјутер. Кога е преклопен се добива екран со големина од околу 4,6 инчи.

Според дополнителни информации, Samsung планира да го продава овој уред по цена од околу 1.400 долари, а ќе ги таргетираат најмногу мажите од околу 40 години. Причината за тоа е што овие луѓе се навикнати и имаат користено телефони кои се преклопуваат, а исто така ќе ја ценат можноста за добивање на таблет формат повеќе од младите.

ИЗВОРThe Korea Herald
ИЗВОР 2T3
Претходна статијаНајголемата приказна во 2019? (дел 2/2)
Следна статијаFacebook апликацијата не може да биде избришана кај голем број на телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.