Информација што ме изненади

Jordan Peterson enters rehab. Но, ако навлеземе подлабоко во приказната, нема да бидеме толку многу изненадени. Прочуениот професор Џордан Б. Петерсон минатиот месец се пријавил во клиника за рехабилитација. Не, не се работи за редовните рехабилитации што ги имаат познатите личности што се одвикнуваат од дрога или сексуална зависност. Малку backstory: годинава Петерсон дознава дека неговата сопруга e болна од рак. За да се справи со стресот и анксиозноста, тој почнува да пие клоназепам (некоја верзија на дијазепам, само уште појако).

Откако неговата сопруга неочекувано се подобрила од компликации кои се појавиле летово и почнала да закрепнува од тешката болест, Петерсон се обидел да престане да ги пие апчињата наеднаш. Како и со која било завист, наглото одвикнување си носи свои компликации. Петерсон почнал да станува многу депресивен и уште повеќе анксиозен, па за да не и отежнува на сопругата, се пријавува во клиника за рехабилитација.

Има повеќе поуки од оваа вест. Едната е дека и Петерсон е обичен човек со обични проблеми. Дури и најстабилните личности имаат тешки периоди. Но, иако неговото одење на рехабилитација на прва личи на слабост, според мене тој потег е знак на неверојатен карактер.

Филм што едвај чекам да го гледам

Џокер. Одамна не сум очекувал некој филм како што го очекувам Џокер. Режисерот нема искуство со режирање на драми, трилери и психолошки комплексни филмови (најголем хит му е Hangover трилогијата). Тоа на почетокот ме направи малку сомничав. Но, самото присуство на Жоакин (Хоакин?) Феникс гарантира дека ќе добиеме глума што ќе се памти со години. После Џокерот на Џаред Лето, потребно е освежување со глума што ќе остави печат каков што остави Хит Леџер во Мрачниот витез. Според првите критики, личи дека на Феникс уште од утре може да му биде врачен оскарот за најдобра глума.

Стенд-ап на годината

Bill Burr: Paper Tiger. Имав шанса да го гледам Бил Бур во живо пред неколку месеци. Човекот е пресмешен, и доста од материјалот што го збори во Paper Tiger веќе имав шанса да го слушнам. Бур е цар. Во новиот стендап зборува за политичка коректност, машки феминисти, машко-женски односи, роботи, татковство и други теми блиски до неговиот живот. Нормално, се најдоа луѓе што го критикуваат неговиот директен пристап, како што направија и со стендапот на Дејв Шапел. Луѓето забораваат дека се комичари, нешто што тие постојано го спомнуваат. Но како што вели и Бур (парафразирано) „Нема да се нервирам секогаш кога тројца луѓе на интернет се згрозени од секој збор што го кажувам“.

Претходна статијаПет клучни иновации од Samsung во последните 50 години
Следна статијаЕвропската Унија и Советот на Европа продолжуваат со поддршка на реформите во Западен Балкан и Турција