Во интересен Policy Brief на Меркатус Центарот од Универзитетот Џорџ Мејсон, авторите Данеил Гризволд и Доналд Бордоу анализираат како САД може да одговори кон спорните практики на Кина поврзани со интелектуална сопственост. Кина воглавно се потпира на четири практики на „крадење“ на технологијата на Америте:

  • Ги принудува американските компании да формираат заеднички претпријатија со кинески фирми ако сакаат да инвестираат во Кина,
  • Има закони со кои ги принудува американските фирми да се лиценцираат по не-пазарни услови,
  • Владата – преку свои фирми – стекнува контролирачки пакети на сопственост во американски компании со цел да се стекне со нивната технологија и интелектуална сопственост, и
  • Се впушта во сајбер напади со цел да краде технологија на американците за комерцијални и воени цели.

Иако овие обвинувања тлеат подолг период, Трамп ги искористи за да започне сериозна трговска војна. Авторите на документ се скептични за овие обвинувања и заговараат поумерен пристап.

Имено, тие најпрво потенцираат дека откако Кина е дел од Светската трговска организација (од 2001) ги има сериозно модернизирано законите за интелектуална сопственост, иако „сепак нивната имплементација е слаба“. Не негираат дека Кина се впушта во вакви практики, но нудат силен аргумент за нејзиниот напредок во ова поле – плаќањата за користење на интелектуална сопственост и странска технологија во Кина се зголемени 4x во последните 10 години, достигнувајќи износ од $30 милијарди во 2017 година. Овој тренд се појавува и како ефект од барањата за заштита на својата технологија од самите кинески фирми – ако имаш добри закони, ќар имаат сите.

Дополнително, според пореалистичните проценки загубата од крадењето на интелектуална сопственост на американските фирми од страна на Кина е проценета на ~50милијарди $, што е голем износ, но е само 1% од вкупните приходи на американските технолошки фирми кои имаат бизниси во Кина.

Во последното поглавје од Документот авторите нудат алтернативни политики за заштита на американските интереси без притоа да влегуваат и самите во спорни протекционистички практики како што прави Трамп. За почеток, САД треба да ги сопре тарифите кои прават поголема штета на американците (ем преку поскапи кинески производи, ем преку тарифи од Кина врз американски компании) и да продолжат да преговараат со добра волја на дипломатски начин. Вториот модел е да се притиска Кина да ги отвори пазарите преку СТО – која и досега во 22 случаи против Кина дала солидни резултати.

Воглавно, преку правото и дипломатијата, а почитувајќи ги принципите на отворена економија и релаксирани односи помеѓу државите.

Ама тоа изгледа не носи многу гласови. Или не е доволно ефективно за Трамп.

Претходна статијаThe Mandalorian продолжува да гази
Следна статијаЌарот од сите бесплатни дигитални услуги и производи
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.