Shutterstock.com

Сосема природно (и од аспект на заштеда на време и живци) е да имаме тенденција да комуницираме/дружиме со оние кои се слични на нас – културно/политички, сеедно. Друштвените мрежи не креираат посилни „филтер меури“ него оние што ги имале нашите родители. Имено, во интересно Мемо објавено од маркетинг директорот на Фејсбук, Ендру Босворт објаснува дека порано луѓето најчесто читале еден до два весници кои биле слични на нивните идеолошки и културолошки ставови. Денеска, според истражувањата на Фејсбук, околу 26% од содржините што ги гледа еден просечен корисник на ФБ се од различни извори.

Тој објаснува дека вистинскиот проблем е политичката поларизација: дури и кога луѓето ќе прочитаат нешто од извор кој е од „спротивниот табор“ тие не ги преиспитуваат своите ставови туку ги засилуваат, а создаваат поголема одбивност кон „другиот“. Како што вели Босворт, кога и да прочитал нешто од Бреитбард станува уште „полев“.

Без разлика, мислам дека лекот е сличен за двата проблеми кои очигледно се тесно поврзани. Што би можел да превземеш за да бидеш „побалансиран“?

  1. Најпрво, почни да следиш луѓе кои НЕ СЕ од твојот идеолошки/културолошки/политички табор, а сепак ги сметаш за горе-доле fair & objective. На пример, лично од левицата го следам Славој Жижек, Езра Клајн од Vox и Бранко Миланович. Исто одличен профил кој комуницира отворено со сите е Тајлер Коен.
  2. Обид да се користат неколку од сајтовите и апликациите за агрегирање на вести од различни извори (на пример, AllSides кој комбинира вести од страници со различни идеолошки основи е одличен за политички вести).
  3. Комуницирај со други кои се обидуваат да бидат балансирани. Мислам дека ретко можеш да извлечеш вредност со луѓе кои се радикални на едната или другата страна (без разлика дали идеолошки или партиски). Пробај да се држиш до „центарот“.

На крај, под „балансираност“ не подразбирам непринципиелност. Принципиелноста треба да биде силна, но не е случајно што има „спротивен табор“. Има и таму паметни луѓе кои мислат со своја глава. Битно е да се разбереме.

Прв чекор е да комуницираме отворено и искрено едни со други.

Претходна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#14)
Следна статијаОфицијално достапна новата верзија од Microsoft Edge направена на основа на Chromium
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.