Пред извесен период отворивме тема за 5Г интернетот. Во три текстови (дел 1, дел 2, дел 3) се обидовме опширно да ги опфатиме сите страни на темата. Да се потсетиме во три реда:

  • 5Г е нова технологија чии здравствени ефекти не ги разбираме до крај. Иако најдобрите студии не покажуваат дека 5Г зрачењето има значително негативно влијание врз здравјето на луѓето (особено да предизвикува рак) сепак студиите имаат сериозни недостатоци.
  • Начинот на кој ги користиме мобилните – изложени сме на зрачење 24/7 – се смени целосно и негативните здравствени ефекти може да ги откриеме во блиска иднина. Како со цигарите.
  • Што да правиме? Додека не добиеме појасна слика, на индивидуално ниво, колку-толку треба да се обидеме да го минимизираме користењето на мобилен интернет и да избегнуваме да го носиме мобилниот во џеб. Повеќе совети може да прочитате тука.

Уште од тогаш го должевме последниот текст со кој ќе се заокружи серијалот, а во кој ќе објасниме каде реално се кршат копјата на темата и што значат сите овие студии и борба за законите, индустријата и глобалната политика.

Колку можеме на кратко и едноставно да го објасниме ова прашање тука, е всушност станува збор за „маѓепсан круг“. Технологијата веќе ја имаме – прашање е кој прв глобално ќе ја постави. Нормално, постои тивка војна помеѓу Кина и САД при што Хуавеј се најде во центарот на полето. Кој ќе ја контролира 5Г мрежата ќе има стратешка предност при било каков посериозен конфликт (на страна финансиски капитал, нови работни места, итн.), па и во мирнотропски услови. Ако ја контролираш всушност инфраструктурата преку која поминуваат сите податоци и комуникации си во поповолна позиција да се штитиш од сајбер-шпионажа, сајбер-криминал, итд., но и истото и тајно да го правиш ти.

Во оваа геостратешка битка регулаторните стандарди и здравјето на граѓаните доаѓа во втор ред.

Телекомуникациските гиганти си имаат своја битка – да имаат што помалку пречки во инсталацијата на 5Г мрежата. Затоа и голем дел од нив се спонзори на студиите кои даваат „чиста слика“ на технологијата во однос на здравствените ефекти. Студиите подржани од регулаторните органи пак се поскептични, иако и тие си имаат свои лукративни причини за стратешко позиционирање во процесот.

Очигледно 5Г интернетот е новата трка за кој прв ќе стигне до Месечината. Прашање е колку е безбеден патот.

Претходна статијаHuawei P30 Pro е моментално најпривлечниот телефон на пазарот со неверојатна камера
Следна статијаHuawei се искачи на светски познатата рејтинг листа на најценети брендови BrandZ
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.