Воглавно Левицата е таа што бара повеќе „модерација на содржините“; Десницата се жали за „конзервативни предрасуди“ од Силиконската долина, но и тие си имаат свои теми каде што сакаат „Големиот Зукерберг“ да интервенира; а либертаријанците се загрижени генерално за слободата на изразување и се борат за најмалку штетното решение. Не навлагам (овој пат) во оваа тема. Ниту пак колку „централизирана модерација“ е решението.

Овој пат, за почеток, ќе продискутираме само што прават најголемите три играчи на ова поле.

Фејсбук

ФБ не ги банира „лажните вести“ и профили. Барем не генерално (банира поединци и организации кои ги смета „опасни“). Сепак, од декември 2016 превзема серија на активности на оваа тема кои беа поздравени од дел од експертите за социјални мрежи. Прво, овозможи „полесно репортирање“ на лажни вести или измами. Поважно, започна соработка со други организации (third-parties) за проверка на фактите во постови и вести. Корисниците можат да видат дали некој пост е „contested“ и можат да видат зошто. На тој начин, добиваме информација кој е „веродостоен“ извор, а кој нема баш интегритет. Она што ФБ се обидува да го направи е да задржи неутрална позиција но да им даде повеќе информации на своите корисници за која група/страница е веродостојна, а која не (и зошто). На крај, на нас останува на кој ќе му веруваме и кој ќе го читаме (поради оваа причина и не забрани политички рекламирања).

Гугл

Гугл објаснува дека има разлика помеѓу човек да не биде во право и тенденциозно да шири информации/вести кои знае дека се лажни или пак, не знае дека се точни со намера да создаде информациски хаос.

Пристапот на Гугл се базира врз „три основи: квалитетот добива на сила во системот на рангирање, борбата против злонамерни страни и давање на корисниците повеќе контекст.“. Поконкретно, Гугл има објавено краток буклет од 30-тина страници каде што објаснува како се бори против намерни лажни информации („лажни вести“) во детали.

Твитер

Твитер е сличен како Фејсбук, иако генерално човек има чувство дека е полиберална мрежа (почнувајќи од алијасите, па се до сексуалната содржина која се дозволува). Генералниот директор на Твитер, Џек Дорси, воглавно се залага за „промени во дизајнот“ на Твитер и смета дека подобрувањето на анти-социјалното однесување на социјалните мрежи ќе зависи пред се од интерните подобрувања на мрежите (а не од политики и регулативи). Твитер имаат повеќе начини на кои реагираат против лажни вести или hateful твитови (range of enforcement options) – некогаш ја ограничуваат само видливоста на конкретниот твит (Tweet-level enforcement), или го ограничуваат х да праќа директни пораки до у по барање на у (Direct message-level enforcement) итд.

Ок, на темава можат да се напише цела книга, од сите аспекти. Но едно е факт – никој не е задоволен како функционираат социјалните мрежи. Како што објаснува Кејси Њутон од Verge, социјалните мрежи „се пораснати до тој степен што платформите се надвор од контрола на нивните генерални директори. Компаниите се под нивна контрола; но тие често доцнат со месеци па и години да ги разберат непланираните последици на нивните платформи..“.

Очигледно, не е ни едноставна задача.

Претходна статијаСтартап Викенд Скопје – настан кој докажа дека имаме потенцијал за развој на стартапи
Следна статијаКус економски осврт на „Silicon Valley“
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.