HBO

Без спојлери!

На 27-ми октомври 2019, пет години по емитувањето на првата епизода, почна 6-тата финална сезона од серијата Silicon Valley на HBO. За оние кои случајно не ја загледале (сепак, има илјадници серии нели?), станува збор за комедија на Mike Judge (креаторот на Beavis & Butt-Head и King of the Hill) која се осврнува на ИТ светот и ексцентричната бизнис заедница во Силициумската долина.

Она што е интересно е што креаторите на серијата сакаат да ни покажат е дека компјутерските програмери можат да бидат глупави, исто како останатите. Како што објаснува Paul A. Cantor, фокусот е на:

…„глупавоста на паметните луѓе“, тоа се луѓето кои се паметни во една област и будалесто сметаат дека се паметни за се. Причината поради која карактерот на Ричард Хендрикс постојано запаѓа во неволји е дека разбира ИТ, но нема појма како е да се води своја фирма. Она по што се истакнува „СилиЦИУМСКАТА долина“ помеѓу ТВ сериите е што успешно прикажува што е потребно за успешен бизнис.

Друга интересна поента на серијата е дека ретко постојат „генерални“ вештини – одредено знаење стекнато во една област не е секогаш лесно применливо во друга област од причина што вештините се context-specific. Гениј во ИТ не значи дека ќе бидеш добар менаџер што изискува специфични вештини – управување со луѓе, поставување процедури и плати/incentives луѓето да си ја вршат оптимално работата, комуникација со инвеститори, бркање капитал, итн.

И не е секаде исто да бидеш бизнисмен! Културата и опкружувањето игра клучна улога. Впрочем, иако на шега, дури и во серијата е очигледно дека Силициумската долина не е само место на брилијантни умови. Можеби поважно, тоа е простор каде што е концентриран сериозен капитал од други успешни компјутерџии кои се специјализираат во идентификување, советување и финансирање на млади тимови со нови идеи. Без капиталот – нема иновации. Повторно, Paul A. Cantor добро го забележува ова во неговиот осврт кога објаснува дека во „поп културата, иновативоста често се прикажува како да е обична техничка работа, а не економски проблем.“

Реален производ изискува бизнис тим. На пример, капитал за да го развие производот и да го произведува; маркетинг стратегија за да стигне производот до потенцијалните клиенти, итн. Тоа е и лекцијата која Хендрикс мора да ја научи во „СИЛИЦИУМСКАТА долина“ – заедно со гледачите. Наместо серија за IT 101, „СИЛИЦИУМСКАТА долина“ е серија за основна економија.

Токму така. А сега да видам како ќе ја затворат серијата. 

*Текст на слична тема (внимававме да не се повторуваме): „Што не учи „Силициумската долина“ (ТВ) за претприемништвото“?

Претходна статијаШто прават Фејсбук, Гугл и Твитер за да се справат со „лажните вести“ ?
Следна статијаИмајте доверба, но потврдете: Дигиталната претпазливост им помага на родителите да ги заштитат децата од можни закани преку Интернет
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.