Изминатиот викенд, во просторите на Инофеит се одржа 8-то издание на Startup Weekend Skopje, настан на Techstars, powered by Google for entrepreneurs. И оваа година Startup Weekend беше организиран од тимот на Solveo, со поддршка од општествено одговорни компании од регионот.

Настанот им даде можност на 50 млади да го направат првиот чекор и да започнат свој бизнис за време на многу динамични 54 часа. 10-те тимови ги претворија своите идеи во реални бизниси со поддршка и помош од 28 ментори – искусни професионалци од различни области, кои ги насочија во правилна насока.

Настанот започна во петок со обраќање на фасилитаторот Martin Andrle, претставникот на Techstars кој гостуваше од Република Чешка. Потоа учесниците ги презентираа своите идеи, и 10 од нив беа изгласани како најдобри и продолжија да се разработуваат во текот на викендот. На самиот настан имаше и две менторските сесии, во сабота и недела, преку кои тимовите добија совети за правните регулации, развивање бизнис модел, маркетинг и дизајн и секако, презентирање на нивните решенија.

На финалето на настанот во недела, тимовите ги презентираа своите финални решенија пред стручно жири, и беа прогласени победниците на годинешниот Стартап Викенд:

  • Трето место освои тимот “Tree D”, со нивната бизнис идеја за холограми кои се употребуваат за маркетинг цели и во исто време го прочистуваат воздухот.
  • Второ место освои тимот “Homade”, со нивната идеја за подготвување и достава на здрава готвена храна, во соработка со домаќинки и компании во регионот.
  • Првото место го освои тимот “ SpaceUp” кои развија платформа за изнајмување на недвижнини, преку 3D фотографии од просторот и можност за поврзување со цимери.

Тимовите освоија вредни награди кои ќе им овозможат да продолжат да работат и развиваат своите решенија. Со заокружување на ова издание на Стартап Викенд покажавме дека кај нас има креативни и амбициозни луѓе кои се подготвени да направат нешто ново и да ги остварат своите соништа. Голема благодарност до сите ментори и судии кои доброволно се вклучија во настанот и им овозможија на учесниците да научат како да ги претворат своите идеи во решенија.

Исто така, овој настан беше беспрекорно реализиран благодарение на поддршката од сите спонзори: Solveo, Фонд за иновации и технолошки развој FITR, UNDP, Ratio Legal Services, MK Host, Semos, Пивара Скопје, LADNA, Шеф, Chunga Lunga, Пакет МК и Innothink. 

Со големо задоволство и нетрпение го очекуваме Startup Weekend 2020

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.