Apple

Секојдневно девелоперите работат на создавање нови апликации кои ќе ги подобрат паметните уреди и ќе го олеснат нивното користење.

Уште од 1998 година Apple е организатор на Apple Design Awards, манифестација на која ги наградуваат најдобрите независни девелопери на софтвер и хардвер, како и најкреативните примени на нивните уреди.

App Store брои повеќе од 3 милиони апликации. Сигурно, не е лесно да се издвојат и изберат најдобрите.

Тимот кој ја прави селекцијата се раководи според повеќе критериуми, меѓу кои се: популарноста, дизајнот, како апликацијата го користи нивниот хардвер, дали апликацијата е излезена годинава или направиле некоја голема надградба со нови функции…

Најдобра апликација за iPhone годинава е Spectre Camera – која со помош на вештачка интелигенција успева да прави фотографии со долга експозиција. Нешто што досега не беше едноставно да се постигне со мобилен телефон.

Flow by Moleskine е најдобрата апликација за iPad, наменета, главно, за креативци. Со спојување на нивната технологија за цртање заедно со пенкалото на Apple, апликацијата нуди можности за цртање на основни цртежи, но и на комплексни уметнички дела.

Постојат две категории добитници – апликација и игра, а потоа следи поделба според уредите: iPhone, iPad, Mac и Apple TV.

Да се добие оваа награда е голема чест за девелоперите. Не секогаш таа значи долгорочен успех, но сепак, е огромен чекор напред како за малите така и за големите компании кои ја имаат освоено оваа награда.

Целата листа на апликации можете да ја видите на официјалната страна на Apple на овој линк.

ИЗВОРApple
Претходна статијаОсновачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, ги оставаат лидерските позиции во Alphabet на директорот на Google Сундар Пичаи
Следна статијаiPhone 11 продолжува да ја следи локацијата на корисниците и покрај исклучување на пристапот за сите сервиси