windows-10-logo

Windows 10 треба да биде официјално пуштен од ова лето. Иако датата полека се ближи, многу малку информации се дадени околу финансискиот дел, односно може да се каже и воопшто.

Она што го знаеме е дека сите корисници на лиценциран Windows 7 или понов, ќе можат бесплатно да го надградат својот систем на Windows 10 во првата година по пуштањето на оперативниот систем. По истекот на првата година, секој кој што ќе сака да направи надградба ќе мора да плати за истото.

Оваа информација не е баш јасна, па првиот пат кога беше објавена се мислеше и дека надградбата е бесплатна за првата година, по која што и тие корисници кои што ја имаат направено, ќе треба да почнат да плаќаат. Во тој правец оди и најавата дека Windows ќе стане еден вид на сервис, нешто што потсетува на Office 365 моделот на годишна или месечна претплата за користење на производот и поврзаните сервиси.

Сепак, на страната за Windows 10, Microsoft подобро појаснува што точно сака да каже со изјавата бесплатна надградба во првата година и што потоа. Сите корисници кои што ќе го надградат својот систем на Windows 10, нема да плаќаат ништо по првата година, а системот ќе има поддршка за нови надградби, функции и безбедносни надградби до истекот на животниот век на уредот.

windows-10-devices

Можеби овој дел повторно не е до крај јасен, што точно се мисли под животниот век на уредот, но барем стана јасно дека корисниците нема да почнат да плаќаат по првата година од надградбата. За подоцна, сепак големи се шансите дека повеќето корисници ќе купат и нов уред кој што ќе дојде со пред инсталиран Windows 10.

На страната на Windows 10 стои:

Понуда за бесплатна надградба

Одлични вести! Ќе ви понудиме бесплатна надградба на Windows 10 за квалификуваните нови и постојни Windows 7, Windows 8.1 и Windows Phone 8.1 уреди кои што ќе ја направат надградбата во првата година! И уште подобро: кога еднаш Windows квалификуван уред е надграден на Windows 10, ние ќе продолжиме да го држиме ажуриран за време на поддржаниот животен век на уредот, правејќи го посигурен и претставувајќи нови функции и функционалности со тек на време – без дополнителни трошоци.

Извор: Neowin, PCWorld

Претходна статијаНовиот знаменосец на Sony е Xperia Z3+
Следна статијаЗошто постојат половите ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.