Emma Snowdon Jones, Liam McMullan, Chau Ngo== MARTINI & ROSSI and MENA SUVARI Toast Andy Warhol on the Anniversary of his 80th Birthday== New Museum, NYC== August 6, 2008== © Patrick McMullan== Photo - DAVID X PRUTTING/PatrickMcMullan.com== ==

Пред доста кратко време бевме сведоци на „бомбардирање“ со статии со претенциозни наслови како „Зошто мажите (се` уште) постојат?“. Во основа (непретенциозното) прашање би било зошто половите постојат. За жал на фемшовинистите, ова прашање беше одговорено преку генетски експеримент кај бубачки кои се размножуваат на полов начин, потточно кај т.н. брашно тврдокрилци Tribollum (flour beetles).

Имено, научниците од Универзитетот од Источна Англија ги испитувале овие тврдокрилци со тоа што изолирале неколку групи од нив во кои поставиле различен сооднос на машки во однос на женски членови. Во некои групи соодносот бил 10 женки на 90 мажјаци, во некои биле симетрични парови (колку машки толку женски), а во некои повеќе женки на помалку мажјаци. Потоа ги оставиле да се развиваат во текот на 50 генерации.

Резултатите од студијата биле следните: во оние групи каде имало поголем натпревар меѓу мажјаците генетските карактеристики на групите биле подиверзифицирани и поотпорни на болести. Таму каде што сексуална селекција не постоела имало појавување на многу повеќе болести и дури уништување на популацијата за 10 генерации.

Професорот Мет Гејџ од истиот унверзитет во однос на наодот изјави: „Овие резултати покажуваат дека сексуалната селекција е важна за здравјето на популацијата и нивната способност да се борат, бидејќи помага да се исфрлат негативните, а да се задржат позитивните генетски варијации во популацијата. За да биде добар во победување на ривали и привлекување партнери во борбата за размножување, индивидуалецот мора да биде добар при повеќето работи, па така сексуалната селекција дава важен и ефективен филтер за да се одржи и поправи генетското здравје на популацијата“.

Нормално, во оваа прилика треба да се укаже на фактот дека натпреварот и сексуалната селекција се случува и кај мажите и кај жените, но на различни начини. Секако дека и женските единки се натпреваруваат за најпосакуваните мажјаци исто како што машките единки се натпреваруваат за вниманието на најпосакуваните женки, и тоа доведува до прогресивно подобрување на генетскиот базен и до промоција на најдобрите гени.

Така што, очигледно е дека половата разновидност има сосема зацврстена улога во постоењето на видовите, и прашањата од типот на „Зошто мажите (се` уште) постојат“ можеме да ги испратиме во историјата како веќе одговорени, претенциозни и скриено-пропагандни.

Извор: IFLScience, Telegraph, News.com.au

Претходна статијаWindows 10 нема да доаѓа со дополнителни трошоци по бесплатната надградба
Следна статијаMicrosoft патент за спречување љубопитни погледи од страна врз вашиот екран