Познатиот актер Вилијам Шатнер, најверојатно на повеќето најпознат по улогата на капетанот Џејмс Тибериус Кирк во првата Star Trek серија од шеесеттите години, оваа недела наполни 90 години. Тој сепак изгледа одлично и воопшто не би можел некој да погоди дека има дури 90 години.

За неговиот 90-ти роденден тој најави дека ќе стане бренд амбасадор на компанијата StoryFile и нивната StoryFile Life услуга која им овозможува на луѓето да направат од себе интерактивна верзија со помош на вештачка интелигенција.

Тоа значи дека луѓето ќе можат да комуницираат со Шатнер, односно неговата ВИ верзија уште долго време. ВИ верзијата нема да биде анимација или нешто слично, туку ќе биде направена од вистински снимки од Шатнер, кој овој период ги снима потребните снимки за креирање на ВИ верзијата.

Покрај како капетан Кирк, Шатнер е доста познат и по улогите на Дени Крејн во серијата Boston Legal, како и TJ Hooker во истоимената серија. Роден е во Канада во 1931 година, а својата актерска кариера ја започнува на 20 години.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Globe News Wire
Претходна статијаDiscord наводно бара купувач за 10 милијарди долари, а Microsoft се истакнува како заинтересирана страна
Следна статијаGalaxy S21 серијата се продава три пати подобро на клучните светски пазари за разлика од ланската Galaxy S20
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.