Очекувано, Galaxy S21 серијата од Samsung се продава многу подобро од ланската Galaxy S20 серија. Оваа информација е неофицијална, односно доаѓа од Strategy Analytics, според кои во првиот месец од почетокот на продажбата, Galaxy S21 се има продадено три пати повеќе од ланските модели.

Ова е очекувано поради неколку причини, а едната секако е што ланските модели станаа достапни на почетокот од пандемијата, па во месеците што следеа многу корисници не размислуваа за купување на нов мобилен телефон.

На тоа треба да се додаде и цената на уредите која оваа година е намалена за одреден процент, па за корисниците тоа направи многу полесно да се одлучат за купување.

Samsung исто така направи и одредени промени кај Galaxy S21 серијата, меѓу другото и кај дизајнот на задниот дел, нешто што за голем број од корисниците е одлична промена.

Интересно, според информациите од Strategy Analytics, Galaxy S21 Ultra претставува 40% од вкупната продажба на серијата, што е одличен процент, а посебно кога ќе се земе во предвид и прилично високата цена на овој уред.

Сепак, познато е дека кај корисниците се доста популарни најголемите телефони, а посебно фактор во популарноста оваа година е и S Pen поддршката кај Galaxy S21 Ultra, кој најверојатно оваа година ќе ја замени Note серијата.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаВилијам Шатнер наполни 90 години и реши да направи верзија од него со вештачка интелигенција
Следна статијаAndroid System WebView предизвика проблем со повеќе апликации на Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.