Shutterstock.com

Доколку сте Android корисник, големи се шансите да оваа недела имате забележано проблем со апликациите на оваа платформа. Проблемот вклучува исклучување на апликациите, односно нивно „крашнување“, па за дел од нив единствено решение е да се инсталиран повторно.

Додатен проблем кој се има јавено оваа недела е и со Android System WebView, систем кој им овозможува на апликациите да прикажуваат веб страни во помала верзија на Chrome прелистувачот.

Проблемот на крајот од Google потврдија дека е поврзан со тој систем, односно со Android System WebView, па за истиот веќе е пуштена надградба.

До добивањето на новата верзија од овој систем, се препорачуваше бришење на најновата верзија, па нејзино ажурирање во наредните денови, но сега веќе тоа не е потребно, па се што треба е да се инсталира најновата верзија преку Play Store.

Од Google исто така истакнуваат дека е потребно да се инсталира и најновата верзија од Google Chrome која од денеска е достапна преку Play Store.

За да бидете сигурни дека имате проверено дали се достапни новите верзии, најдобро е да ги пребарате овие две апликации во Play Store, па да притиснете на Update копчето доколку е достапно.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаGalaxy S21 серијата се продава три пати подобро на клучните светски пазари за разлика од ланската Galaxy S20
Следна статијаПретставени OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro со камери развиени во соработка со Hasselblad
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.