Shutterstock.com

Според неофицијални информации од Bloomberg, Microsoft е во преговори за купување на познатата платформа за разговори на гејмерите, Discord. Преговорите, според информациите, не се во поодмината фаза, што значи дека не може да се најави сигурен договор помеѓу компаниите.

Discord, платформа која до минатата година беше позната како место за гејмерите, се реши да ја прошири својата публика и да ги привлече сите корисници кои имаат потреба од групни и видео разговори.

Заинтересираноста на Microsoft за Discord е очекувана и логична. PC компјутерите се главни кога се во прашање игрите, а тука е секако и Xbox платформата од компанијата. Купувањето на Discord би значело поголема интеграција на оваа платформа со производите од Microsoft, а според некои, од компанијата не смеат да ја пропуштат оваа зделка.

Сепак, Microsoft не се единствените кои се истакнуваат како заинтересирани за Discord. Тука се познатите Epic Games, а исто така се истакнува дека и Amazon се заинтересирани.

Како втора можност за продажба на Discord се истакнува и можноста да компанијата реши да ги понуди своите акции на пазарот, односно да се трансформира во акционерско друштво и на тој начин да дојде до поголеми финансиски средства.

Иако и оваа можност може да значи промена во начинот на водењето на компанијата, сепак може да им овозможи на сегашните сопственици поголема независност во споредба со целосното продавање на компанијата на Microsoft или на друга компанија.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаMicrosoft ќе почне со постепено отворање на своите канцеларии до крајот на месецот
Следна статијаВилијам Шатнер наполни 90 години и реши да направи верзија од него со вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.